Топ Новости >

ПД Кожуф добитник на Плакета од ФПСМ

  • Вторник, Дек 12 2017


По повод Светскиот ден на планината 11 декември, вчера во Скопје Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија додели Признание „Даре Џамбаз“ за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството на претставниците на ПД „Кожуф“ од Гевгелија.

ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита. По тој повод влера во Скопје и Матка беше организирана еднодневна планинарска дружба, презентации и доделувања признанија и плакети за најдобрите планинарски друштва и поединци кои постигнале посебни резултати во планинарството.
Oваа година, честа да се закити со признание му припадна на долгогодишното активно гевгелиско Планинарското Друштво „Кожуф“. Плакета и признание „Даре Џамбаз“ за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарсвото на настанот организиран во Скопје, во Планинарски дом Матка, во манастирот Св. Андреа, каде се одржа свечен собир и доделување на награди и признанија беше доделена на претставниците на ПД „Кожуф“ од Гевгелија. Наградата ја врачи претседателот на ФПСМ проф. д-р Јовица Ухриновски.

Гевгелиските планинари со гордост се потсетуваат на потфатите и акциите организирани во текот на 2017 година, со кои се стекнаа со вакво признание од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија. Тоа се вкупно 65 акции, од кои 18 од меѓународен карактер, во пет европски, една азиска и една земја од африканскиот континент, со повеќе стотици учесници во секои од нив, а заедно со придружните планинарски клубови, тоа се илијадници пријателства и часови дружења со висините на Македонија, Бугарија, Австрија, Италија, Франција, Грција, Мароко, Иран.

Ќе споменеме некои од акциите на кои учествуваа планинари од ПД „Кожуф“, а во многуте од локален карактер самите беа организатори на истите:

врв Дамаванд 5671м. Иран
врв Гроссвенедигер 3666м Австрија
врв Гран Парадизо 4061м. Италија
врв Мон Блан 4807м. Франција
врв Тубкал 4167м. Мароко
врв Мусала 2925м. Рила Бугарија (зимско искачување)
врв Гола Чука 1647м. Пајак Грција
врв Сокол 1827м. Ниџе Грција
врв Хард Стоне 2150 Ниџе Грција
врв Кучубеи 2448м. Ниџе Грција
врв Кајмакчалан 2521м. Ниџе Грција
врв Црн Камен 2461м. Грамос Грција
врв Калогерос 1873м. Пиново Грција
врв Радомир 2029м. Беласица Бугарија
врв Конгур 1951м. Беласица Бугарија
врв Вихрен 2914м. Пирин Бугарија
врв Кутело 2908м.Пирин Бугарија
врв Кончето 2850м. Пирин Бугарија
врв Љуботен 2498м. Шар Планина
Меморијал Димитар Илиевски - Мурато 2017 Пелистер
Традиционално искачување Титов врв 2017.

Неофицијалниот дел од програмата за одбележување на Светскиот ден на планината предвидуваше две траси на пешачење: Опција 1 - Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење) и Опција 2 - Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење).

Во официјалниот дел на програмата, попладнето во закрилата на Матка беше предвиден свечен собир на планинарските друштва и доделувањата на признанија и плакети за особени достигнувања во планинарството. Гевгеличани како и преклани, повторно со награда од републички ранг за активност и посветеност во својата планинарска мисија.

Во вечерниот дел од програмата ФПСМ преку Комисија за високогорство и експедиционизам, по повод „Светскиот ден на планината“, на 11.12.2017 (понеделник) во МКЦ Кино Фросина организираше презентации на документарни филмови од искачувањата на познати светски врвови, како и несекојдневниот подвиг на Бојан Петров од Бугарија со 10-те искачени врвови од над 8.000 м.н.в.

Календарската година завршува, а со тоа и планинарските акции на терен за 2017. Дружењата продолжуваат со нови планови за нови предизвици во претстојната 2018 година.
Лесен од и убави гостољубиви висини, планинари наши.

 


Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Македонија останува без Кире на првенството

ЕХФ потврди дека првенството за Кире Лазаров е завршено

Повеќе

Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

Македонија со победа против Словенија го стартуваше Европското првенство

Со само гол разлика од 25:24 македонските ракометари одиграа импресивна победа над третопласираните од минатото Светско првенство, Словенците

Повеќе

Мајкл Џордан - најбогатиот спортист на сите времиња

На листата топ 10 најбогати спортисти во светот водат голферите (4-ца на број), 3-ца кошаркари и по еден фудбалер, возач на формула и боксер

Повеќе

ПД Кожуф добитник на Плакета од ФПСМ

По повод Светскиот ден на планината 11 декември, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера во Скопје додели Признание „Даре Џамбаз“ за долгогодишна активност и придонес за развивање на

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.