Топ Новости >

КК Кожув носи значајни бодови од Скопје

  • Понеделник, Апр 02 2018


Кожув го совлада Карпош Соколи во Скопје во последниот натпревар од првото коло на плеј-аутот од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Гевгеличани запишаа значајни бодови со триумфот од 75-81.

„Соколите“ на домашен терен започнаа ветувачкиа игра со Спенс и Петровски кои во првите десет минути одржуваа егал со нашите кошаркари. Сепак, на теренот се разигра Мишковиќ и до полувремето нанижа 21 поен, така што Кожув по 20 минути на одмор замина со осум поени предност и резултат од 34-42.

Третиот период почна одлично со забележителната игра на Лука Петровски, но Мамузиќ го одржуваше водството од 7-10 поени за Кожув. По поените на Мишковиќ третиот период повторно заврши со предност на гостите и нови десет поени разлика за „кожуфци“. На семафорот беа испишани 52-62 за гостите кои со забележителна предност влегоа во последните десет минути. Дилемите за победникот ги решија Мишковиќ и Воркапиќ, кои со нов бран на поени обезбедија сигурна победа за гевгелиски Кожуф кој славеше со 75-81.

Најефикасни поединци во нашиот победнички тим беа Мишковиќ со 27, Воркапиќ со 15, Мамузиќ со 12 и Шалев со 11 поени. Кај поразениот тим на Карпош Соколи најефикасни беа Петровски со 18 и Спенс со 21 поени.

 


Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.