Топ Новости >

Реал во осмо последователно полуфинале

  • Среда, Апр 11 2018


Реал Мадрид поразен на свој терен, стадионот Сантјаго Барнеби, од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Во еден од највозбудливите натпревари во овогодишната Лига на шампиони (ЛШ), Реал Мадрид загуби од Јувентус (1-3), но обезбеди место во полуфиналето во осма последователна сезона. Италијанците беа на прагот да се изборат за продолженија, но Бенатиа направи пенал во последните моменти од мечот, што му дозволи на Кристијано Роналдо да го постигне голот вреден за полуфинална фаза.

Гостите не можеа да посакаат подобри први 45 минути во кои постигнаа два гола и стигнаа многу блиску да ја анулираат негативата од пред една недела. Марио Манџукиќ беше стрелец на двата гола и двата на идентичен начин, со удар со глава. Првиот пристигна по само две минути игра, по центаршутот на Сами Кедира, кој ги израдува гостинските, а ги шокира домашните навивачи.

На тоа „кралевите“ одговорија со свои шанси, а успеаја и да ја затресат мрежата на Џанлуиџи Буфон. Иско собра еден отпадок по ударот на Кристијано Роналдо и погоди за 1-1, но судијата досуди офсајд позиција. По неколку шанси на двете страни, Манџукиќ одново го украде шоуто и по вторпат вечерва го натера Кејлор Навас да капитулира. Овојпат го надскока Дани Карвахал и биеше во поблиската статива.

Второто полувреме започна мирно и со блага иницијатива на Реал, а тогаш се случи неочекуваното. Јувентус постигна трет погодок во мрежата на Навас и овојпат најмногу благодарение на неговата катастрофална реакција. Костариканскиот чувар на мрежата ја испушти топката и му дозволи на Блес Матуиди третпат да ја затресе неговата мрежа.

До крајот двете екипи немаа конкретни закани, а моментот на одлука пристигна во продолжението, кога Бенатиа направи пенал врз Лукас Васкез, што му дозволи на Роналдо да погоди од белата точка и да ја продолжи серијата на погодоци во ЛШ, која сега гласи 11 последователни натпревари.

Головите ги постигнаа: Марио Маџукиќ во 2-та и во 37-та минута, Блесе Матуди во 60 минута за Јувентус, а последниот гол падна од Кристијано Роналдо во 97-та минута. Буфон заработи црвен картон што се бунеше за досудениот панал. Ова е негов последен настап во Лига на шампионите после што најави пензионирање од зелениот терен.  

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.