Топ Новости >

Киану Ривс - тешка животна приказна

  • Сабота, Фев 11 2017


Јунакот од „Матрикс“, актерот Киану Ривс, има несекојдневна животна приказна. Иако ги полни кино салите со светските филмски хитови и заработува милионски суми за хонорар и авторски надоместок, тој не живее во голема куќа и не се облакува со последните модни креации на дизајнерите кои папрено ги наплаќаат своите модни парчиња за нај имиџ.

На три години го изгубил својот татко. Учел во четири различни училишта, се соочил со дислексијата како проблем и тешко напредувал со учењето. На 23 години го изгубил својот најдобар другар поради предозираност од дрога. Во 1999 година ја губи својата сопруга во сообраќајна незгода, која била бремена со нивната неродена ќерка.
Неговата сестра боледувала од леукемија и 70% од заработените пари од филмскиот хит „Матрикс“ тој ги употребил за нејзиното лекување и болнички третман.

Киану и денеска брои милионски суми на својата банкарска сметка. Поседува 100 милиони долари, но се' уште се вози со подземна железница.
Некои луѓе остануваат луѓе и покрај славата.

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.