Топ Новости >

Денес се одбележуваат 37 години од раѓањето на Тоше Проески

  • Четврток, Јан 25 2018


На 25-ти јануари (на денешен ден) Тоше требаше да наполни 37 години. По овој повод, Фондацијата „Тоше Проески“, заедно со локалните власти и средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, во спомен-куќата на Тоше, денеска организираат музичка манифестација, која ќе следува по посетата на неговиот гроб на Гумење.

Да беше меѓу нас, денес Тоше ќе полнеше 37 години. Нашиот Тоше кој умешее да ги сплоти сите. Кај него поделби немаше. Прерано замина, но ние не те забораваме.

Песните кои ни ги остави се најголемото богатство кое секогаш ќе не потсетуваат за да не го заборавиме.



Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево.

Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат. Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера. „Се' се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески.

Неговиот талент го забележуваат сите, па затоа и неговите настапи уште како дете завршуваат со награди. За првпат пред македонската публика се појавува на Скопскиот фестивал со „Остани до крај“ во 1997 година. Од овој момент почнува и неговиот поход кон ѕвездите.

Тоше загина на 16.10 2007 во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Во спомен-куќата во Крушево во чест на роденденот на Тоше Проески денес претпладне од 11:20 започна музичка манифестација со локалното дуо „Кики и Пеце“, а свои настапи ќе имаа и хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и сопранистката Билјана Јосифов придружувана од клавијатуристот Сашо Николовски. Претходно, во 11:15 часот беше положено цвеќе на вечното почивалиште на легендарниот македонски пејач.

Во Домот на АРМ во Скопје по повод роденденот на Тоше од 08 до 17 часот се одржува крводарителска акција во одбележување на роденденот на големиот хуманист и крводарител, нашиот Тоше.

 


Мозочен удар ја загрози кариерата на Шерон Стоун

И холивудските ѕвезди се луѓе. Не се имуни ниту на стрес, ниту на болести

Повеќе

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

По тешка болест, почина српскиот актер Небојша Глоговац на 48-годишна возраст, јавија српските медиуми

Повеќе

Денес се одбележуваат 37 години од раѓањето на Тоше Проески

На 25-ти јануари (на денешен ден) Тоше требаше да наполни 37 години

Повеќе

Песната на Балашевиќ „Дно на дното“ забранета во Србија

ВИДЕО: Дали е реално ова што се случува во Србија се прашува јавноста по забраната за емитување на сите радио станици на новата песна од Балашевиќ

Повеќе

Неугледната домаќинка за осум години заработила 33 милиони долари

Во прашање е нејзиниот извонреден глас, а за појавата се погрижија тим стилисти и креатори и, беше родена новата ѕвезда на „Британија има талент 2009“

Повеќе

Фчерашни со новогодишен хит

Крисмас сонг на Фчерашни

Повеќе

„Ono malo sreće“ - Нов албум на Здравко Чолиќ

Најновиот петнаесетти албум на Здравко Чолиќ од 15 декември пуштен во продажба

Повеќе

Осмата сезона на „Игра на тронови“ ќе пристигне во 2019

Софи Тарнер во интервју открива дека осмата последна сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година

Повеќе

Новото лице на Бранџелина

11-годишната Шајло е првото биолошко дете на големото семејство на Анџелина и Пит која наликува на двајцата свои родители 

Повеќе

Промоција на нова песна на Тоше Проески

Најава за нов албум со снимките на Тоше снимени во Лондон 

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.