Топ Новости >

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

  • Петок, Фев 09 2018

 


По тешка болест, почина српскиот актер Небојша Глоговац на 48-годишна возраст, јавија српските медиуми.

Небојша пред 10 дена бил итно примен во Институтот за онкологија. Тогаш медиумите напишаа дека славниот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Здравствената состојба на Глоговац нагло се влошила последните денови на декември, пред Нова година па по совет на пријател и лекарот, наводно, првите денови од новата година заминал во Германија по помош и по консултацијата со тамошните лекари се вратил во Белград. Се лекувал на Институтот за онкологија на Клиничкиот центар Србија, каде што примал терапии.

Небојша Глоговац позади себе остави богата актерска кариера со над 30 снимени филмови. Попознати меѓу нив се „Кад пораснем бичу Кенгур“, „Муње“, „Небеска удица“, „Буре барута“.



 

Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.