Топ Новости >

„Повратник“ му донесе ОСКАР на Леонардо Ди Каприо

  • Понеделник, Фев 29 2016

 


По шест номинации, и секогаш брилијантни улоги, Леонардо Ди Каприо конечно доби ОСКАР од Филмската Академија на годинешното 88 издание на престижната филмска гламурозна манифестација која се одржа во Лос Ангелес.

Вистинската приказна за повратник од Дивиот Запад му донесе статуетка во рацете на 41-годишниот Лео. Леонардо во филмот „Повратник“ даде се‘ од себе во улогата на Хју Глас, кој со месеци се бори сам на Дивиот Запад за свое преживување. Подоцна планира да се одмазди за убиството на својот син. Вестернот се темели на вистинска приказна.
Својот заблагодарувачки говор Ди Каприо го искористи за да предупреди на опасностите од промената на климата:
„Приказната на ’Повратник’ се однесува и на човековата врска со природата. 2015 беше најтоплата година од почетокот на мерењата. Моравме да го преместиме снимањето на најјужниот дел на нашата планета за воопшто да најдеме снег. Во тек е промена на климата, овде и во овој час.“

Претходно тој за улогата во „Повратник“ (The Revenant) ја доби и филмската награда „БАФТА“.



Режисерот на „Повратник“, Алехандро Ињариту, ја освои престижната статуетка за најдобра режија, додека филмот „Spotlight“ (Под лупа) освои Оскар за најдобар филм.

За најдобра главна актерка е прогласена Бри Ларсон, за нејзината улога во емотивниот филм “Соба”, а најдобро оригинално сценарио Том Макартни и Џош Сингер за “Спотлајт”.
Оскар за најдобар анимиран филм доби филмот „Инсајд аут“, а признаени за најдобра песна доби “Writing’s On The Wall” од најновиот филм за Џејмс Бонд.

 

 


Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

Започна „пеколниот“ судски јануари за предметите кои ги води СЈО

Со закажани 34 рочишта по предметите од т.н. „бомби на „Т“ СЈО ќе ги „тресе“ поранешните функционери од власта за обвиненија од негова надлежност

Повеќе

Игор Ѓорески Хектор - 10 години од траѓичната смрт кај Блаце

Цвеќе и наклон за борецот 

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.