Топ Новости >

Документарец за режисерот Спилберг

  • Четврток, Сеп 28 2017


Излезе првиот трејлер за документарниот филм на Ејч-би-о за Стивен Спилберг, снимен под едноставен наслов „Спилберг“. Легендарниот режисер, кој својата кариера ја започна зад камерата, сега седна пред неа и со режисерката и продуцент Сузан Лејси одработи речиси 30-часовно интервју.

Документарецот, кој премиерно ќе биде прикажан на 7 октомври, дава опсежен увид во кариерата на Спилберг, но и детали за неговиот приватен живот, односот со актерите и другите режисери и за многу други работи. Така, меѓу другото, низ филмот може да се сознае и за почетоците на кариерата на овој режисер, кога како младо момче снимал филмови на супер осумка (посветата на тие денови е одличен SF Super 8 на која работел со режисерот Џ. Џ. Абрамс).

Освен за почетоците, филмот говори и за тоа колку врз продолжението на неговата кариера влијание имало и познанството со великаните како Мартин Скорсезе и Џорџ Лукас, како и за најголемите препреки со кои се соочувал снимајќи некои од неговите најголеми филмски хитови. За целосна слика за Спилберг, режисерката Лејси интервјуирала и многу актери и режисери кои соработувале со него, па така во документарецот се појавуваат и Мартин Скорсезе, Лијам Нисон, Кејт Бланшет, Брајан де Палма и многу други.



Спилберг несомнено е еден од најголемите режисери во историјата на филмот и еден од ретките што успешно се занимавале со толку различни жанрови и теми. Освен тоа, Спилберг инспирирал и многу млади режисери со своите класици, како „Ајкула“ „Е.Т.“, „Блиски средби од трет вид“, „Индијана Џонс“..., едноставно има премногу филмови за сите да се набројат. Тој е еден од основачите на студиото „Дрим Воркс“ каде што се создадени класиците како „Спасувањето на војникот Рајан“ и „Шрек“. И досега медиумите многу пишувале за кариерата на Спилберг, но новиот документарец на Ејч-би-о ветува подлабок и поблизок увид во умот, фантазијата и креативниот процес на еден од најголемите мајстори на филмот.

Извор: Факултети.мк


Песната на Балашевиќ „Дно на дното“ забранета во Србија

ВИДЕО: Дали е реално ова што се случува во Србија се прашува јавноста по забраната за емитување на сите радио станици на новата песна од Балашевиќ

Повеќе

Неугледната домаќинка за осум години заработила 33 милиони долари

Во прашање е нејзиниот извонреден глас, а за појавата се погрижија тим стилисти и креатори и, беше родена новата ѕвезда на „Британија има талент 2009“

Повеќе

Фчерашни со новогодишен хит

Крисмас сонг на Фчерашни

Повеќе

„Ono malo sreće“ - Нов албум на Здравко Чолиќ

Најновиот петнаесетти албум на Здравко Чолиќ од 15 декември пуштен во продажба

Повеќе

Осмата сезона на „Игра на тронови“ ќе пристигне во 2019

Софи Тарнер во интервју открива дека осмата последна сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година

Повеќе

Новото лице на Бранџелина

11-годишната Шајло е првото биолошко дете на големото семејство на Анџелина и Пит која наликува на двајцата свои родители 

Повеќе

Промоција на нова песна на Тоше Проески

Најава за нов албум со снимките на Тоше снимени во Лондон 

Повеќе

Документарец за режисерот Спилберг

Излезе првиот трајлер за документарниот филм посветен за живото и работата на легендарниот филмски режисер Стивен Спилберг

Повеќе

Почина Љубиша Самарџиќ

Филмскиот Шурда, Смоки и многу други партизански лика останаа на филмските ленти, а нивниот изведувач, актерот Љубиша Самарџиќ почина вчера, 8 септември во 81 година од животот

Повеќе

Рангирање на филмските трилогии

Не секогаш првиот филм од трилогијата е и најгледан

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.