Топ Новости >

Почина музичкиот титан - Леонард Коен

  • Петок, Ное 11 2016

 


На 82-годишна возраст почина музичката легенда Леонард Коен. Тој беше еден од највлијателните музичари и текстописци од 1960-те години. Засега причината за неговата смрт не е позната, само дека комеморацијата ќе се одржи наредниве неколку дена.

Меѓу познатите нумери е на Коен се „Hallelujah“ , како и „Suzanne“ „Bird on a Wire“ „Hey, That's No Way to Say Good-bye“ и други.

На 21 септември го објави последниот албум „You Wanted It Darker“.

Коен стана член во Рок-ен-рол галеријата на славните во 2008-та година, а наградата за животно дело Греми ја доби во 2010-та. Добитник е на 40 награди за музика и литература.

Пејачката Бет Мидлер напиша на Твитер дека си заминал уште еден волшебен глас. Џастин Тимберлејк го нарече Коен неспоредлива душа. Актерот Расел Кроу се заблагодари на Коен за сите мирни ноќи, за размислите, за перспективите и за вистината, проткаени во неговите песни.

Коен беше еден од највлијателните уметници во музиката, кои се појавија во 60-тите години на минатиот век, заедно со нобеловиот лауреат за литература Боб Дилан и канадската музичарка Џони Мичел.
Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“.

Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, од кои последниот во септември годинава.




 

Песната на Балашевиќ „Дно на дното“ забранета во Србија

ВИДЕО: Дали е реално ова што се случува во Србија се прашува јавноста по забраната за емитување на сите радио станици на новата песна од Балашевиќ

Повеќе

Неугледната домаќинка за осум години заработила 33 милиони долари

Во прашање е нејзиниот извонреден глас, а за појавата се погрижија тим стилисти и креатори и, беше родена новата ѕвезда на „Британија има талент 2009“

Повеќе

Фчерашни со новогодишен хит

Крисмас сонг на Фчерашни

Повеќе

„Ono malo sreće“ - Нов албум на Здравко Чолиќ

Најновиот петнаесетти албум на Здравко Чолиќ од 15 декември пуштен во продажба

Повеќе

Осмата сезона на „Игра на тронови“ ќе пристигне во 2019

Софи Тарнер во интервју открива дека осмата последна сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година

Повеќе

Новото лице на Бранџелина

11-годишната Шајло е првото биолошко дете на големото семејство на Анџелина и Пит која наликува на двајцата свои родители 

Повеќе

Промоција на нова песна на Тоше Проески

Најава за нов албум со снимките на Тоше снимени во Лондон 

Повеќе

Документарец за режисерот Спилберг

Излезе првиот трајлер за документарниот филм посветен за живото и работата на легендарниот филмски режисер Стивен Спилберг

Повеќе

Почина Љубиша Самарџиќ

Филмскиот Шурда, Смоки и многу други партизански лика останаа на филмските ленти, а нивниот изведувач, актерот Љубиша Самарџиќ почина вчера, 8 септември во 81 година од животот

Повеќе

Рангирање на филмските трилогии

Не секогаш првиот филм од трилогијата е и најгледан

Повеќе

 


 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.