Топ Новости >

Импозантно отварање на Д Фестивал со настап на Пол Ван Дајк

  • Вторник, Апр 17 2018


Тридневниот музички фестивал во Дојран од 6-ти до 8-ти јули започнува со светскиот ДЈ на електронска музика Paul Van Dyk.

-„Двократниот број 1 светски диџеј, светскиот гигант на електронската музика Paul Van Dyk, со својот неприкосновен сценски настап гостува на Д Фестивал 2018“, со гордост најавуваат организаторите и порачуваат: „Подгответе се за импозантно отворање на Фестивалот на 6-ти јули, на главна бина!“

Од останатите изведувачи на тридневниот и единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија засега се најавуваат и настапите на Disciples, Fink, Goran Trajkoski - Горан Трајкоски, Duke Bojadziev, Who See, Frenkie, Riot Days by PussyRiot Theatre, Koala Voice, Палиндром / Palindrom, Conspiracy. Програмата се' уште се дополнува со новопланирани настапи на музички групи.

Три дена резервирани за фестивалската слобода, илјадници пријатели, плус 100-на изведувачи и гости, четири бини, камп и еден куп случувања во најпозитивната атмосфера на единствениот летен музички фестивал во Македонија на отворена сцена до брегот на Дојранско езеро!

Од целодневните настани кои е планирано да траат од 6-ти јули со почеток во 12 часот, па се до 9-ти јули до 04 часот изутрина има место и за спорт, забава, дебати и работилници за млади. Оваа година игралиштето во кампот се враќа во функција, па може да се спремате и за баскет.
LakeAwake бината ова лето ќе биде на плажата Свети Никола спроти главна бина. Има и други изненадувања за кои организаторот задолжил екипи за креација на журките до изгрејсонце.

Значи, многу забава, дружење, музика, нови познанства, младост и релаксација на годинашниот Д Фестивал 2018.
Ако не сте резервирале билети, пробајте на: http://dfestival.mk/bileti/

 


Почина светски познатиот DJ Avicii

Светски познатиот DJ Avicii, еден он светските имиња на денс музиката, пронајден мртов во Оман

Повеќе

Втора преобразба на оскаровката Шарлиз Терон

Холивудската убавица се здебелила 20 килограми и е препознатлива, но чувствува депресија од изгледот и новата филмска улога

Повеќе

Викторија Бекам критикувана за роденденска торта

Бившата Спаксица доживеала осуда од јавноста за овошната торта со која го прославила својот 44-ти роденден

Повеќе

Влатко Стефановски со концерт во Хрватска

Македонскиот гитарист Влатко стефановски ја воодушеви хрватската публика во преполната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб

Повеќе

Импозантно отварање на Д Фестивал со настап на Пол Ван Дајк

Тридневниот музички фестивал во Дојран од 6-ти до 8-ти јули започнува со светскиот ДЈ на електронска музика Paul Van Dyk

Повеќе

Џамбо Агушев на улицата на славните во Холивуд

ВИДЕО: Снимен нов спот „Let's Go to Hollywood“ со трубачкиот оркестар Агушеви

Повеќе

Избрани композициите за Фолк Фест 2018

19 композиции за годинашното издание на валандовскиот фолклорен фестивал 2018

Повеќе

Бред Пит и Леонардо ДиКаприо во најновиот филм на Тарантино

Квентин Тарантино ги здружи Бред и ДиКаприо во новиот филм за убиствата на кланот Менсон во филмската приказна „Си беше еднаш во Холивуд“

Повеќе

Претставена нашата песна за Евросонг 2018

Преку видео спот претставена нашата песна за Евровизија 2018

Повеќе

Доделени оскарите

„Обликот на водата“ го доби оскарот за најдобар филм на 90-тите доделувања на наградите Оскар

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.