Топ Новости >

Продоложи да сонуваш со „Мугер фугер“

  • Четврток, Мај 14 2015

 


Бесплатен Мугер Фугер концерт пред платото на МКЦ.
Како и секогаш така и овој пат со многу ампови, гитари, ударни и други инструменти...и многу, многу ликови. 

Продоложи да сонуваш со „Мугер фугер“ Алтернативниот рок бенд „Мугер фугер“ ќе одржи промотивен концерт за новиот албум „Продолжи да сонуваш“ пред платото на МКЦ.

По издавањето на албумот „Продолжи да сонуваш“ за независната издавачка куќа „ПМГ Рекордингс“ еден од најпознатите алтернативни рок бендови кај нас ќе одржи промотивен концерт утревечер, 14 мај, во 20:30 часот, пред платото на МКЦ, под отворено небо.
Ова е осми студиски албум на „Мугер фугер“ и доби одлични критики. Сеад Хаџиќ-Сецко од бендот што изминативе години активно создава авторска музика, рече дека соогласно традицијата на бендот, ова ќе биде единствена концертна промоција. Концертот ќе биде бесплатен, како што вели тој, „бидејќи ние секогаш сме биле со народот“.

На утрешниот концерт ќе настапат дваесетина сегашни и поранешни членови на бендот, како и нивни соработници и гости, меѓу кои Сашко К., Џоле, Оки, Сашо М., Енко, Горан Трајкоски, Тања Тас, Дени ,Васко А., Еди, Ивица, Ицко, Ади Имери, Зоки Т., Алек, Борче, Пеце, Васко Б.

Бендот ќе ги отсвири шесте песни од новиот албум и неколку песни „што биле значајни за нас во изминатите седум години“, вели Сецко. „Секогаш е поголем предизвикот да се изведе албумот во живо затоа што сè се случува одеднаш и нема враќање, така што самата таа енергија е многу поприсутна на концертите отколку во студиските снимки баш поради стресот“, додава тој за задоволството од свирењето во живо пред публика.

Подгответе се добро, ќе биде пожестоко од било кога! - најавуваат од бендот.


Почина светски познатиот DJ Avicii

Светски познатиот DJ Avicii, еден он светските имиња на денс музиката, пронајден мртов во Оман

Повеќе

Втора преобразба на оскаровката Шарлиз Терон

Холивудската убавица се здебелила 20 килограми и е препознатлива, но чувствува депресија од изгледот и новата филмска улога

Повеќе

Викторија Бекам критикувана за роденденска торта

Бившата Спаксица доживеала осуда од јавноста за овошната торта со која го прославила својот 44-ти роденден

Повеќе

Влатко Стефановски со концерт во Хрватска

Македонскиот гитарист Влатко стефановски ја воодушеви хрватската публика во преполната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб

Повеќе

Импозантно отварање на Д Фестивал со настап на Пол Ван Дајк

Тридневниот музички фестивал во Дојран од 6-ти до 8-ти јули започнува со светскиот ДЈ на електронска музика Paul Van Dyk

Повеќе

Џамбо Агушев на улицата на славните во Холивуд

ВИДЕО: Снимен нов спот „Let's Go to Hollywood“ со трубачкиот оркестар Агушеви

Повеќе

Избрани композициите за Фолк Фест 2018

19 композиции за годинашното издание на валандовскиот фолклорен фестивал 2018

Повеќе

Бред Пит и Леонардо ДиКаприо во најновиот филм на Тарантино

Квентин Тарантино ги здружи Бред и ДиКаприо во новиот филм за убиствата на кланот Менсон во филмската приказна „Си беше еднаш во Холивуд“

Повеќе

Претставена нашата песна за Евросонг 2018

Преку видео спот претставена нашата песна за Евровизија 2018

Повеќе

Доделени оскарите

„Обликот на водата“ го доби оскарот за најдобар филм на 90-тите доделувања на наградите Оскар

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.