Топ Новости >

Симната забраната за емитување македонска музика на ЗМП

  • Четврток, Фев 02 2017

 


 


По неколкумесечна забрана за емитување македонска и музика од соседството, ЗАМП дозволи да се емитува која било музика на радиостаниците и телевизиите. 

Од ЗАМП денеска се огласија со соопштение кое ќе ви го пренесеме во целост: 

- Ве известуваме дека со Одлука на Собранието на ЗАМП се става вон сила забраната за јавно емитување авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП, што со Одлука на Собранието на ЗАМП беше донесена на 17.09.2016 година. Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП, надминати се сите опасности што се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП - стои во одлуката. 

Од Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарија на трговските радиодифузни друштва што докрај ја испочитуваа забраната, како и на здруженијата од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на страната на ЗАМП и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар во земјава.

 


Песната на Балашевиќ „Дно на дното“ забранета во Србија

ВИДЕО: Дали е реално ова што се случува во Србија се прашува јавноста по забраната за емитување на сите радио станици на новата песна од Балашевиќ

Повеќе

Неугледната домаќинка за осум години заработила 33 милиони долари

Во прашање е нејзиниот извонреден глас, а за појавата се погрижија тим стилисти и креатори и, беше родена новата ѕвезда на „Британија има талент 2009“

Повеќе

Фчерашни со новогодишен хит

Крисмас сонг на Фчерашни

Повеќе

„Ono malo sreće“ - Нов албум на Здравко Чолиќ

Најновиот петнаесетти албум на Здравко Чолиќ од 15 декември пуштен во продажба

Повеќе

Осмата сезона на „Игра на тронови“ ќе пристигне во 2019

Софи Тарнер во интервју открива дека осмата последна сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година

Повеќе

Новото лице на Бранџелина

11-годишната Шајло е првото биолошко дете на големото семејство на Анџелина и Пит која наликува на двајцата свои родители 

Повеќе

Промоција на нова песна на Тоше Проески

Најава за нов албум со снимките на Тоше снимени во Лондон 

Повеќе

Документарец за режисерот Спилберг

Излезе првиот трајлер за документарниот филм посветен за живото и работата на легендарниот филмски режисер Стивен Спилберг

Повеќе

Почина Љубиша Самарџиќ

Филмскиот Шурда, Смоки и многу други партизански лика останаа на филмските ленти, а нивниот изведувач, актерот Љубиша Самарџиќ почина вчера, 8 септември во 81 година од животот

Повеќе

Рангирање на филмските трилогии

Не секогаш првиот филм од трилогијата е и најгледан

Повеќе

 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.