Топ Новости >

Даниел Кајмакоски од Х - Фактор на Евровизија

  • Четврток, Ное 13 2014


„Лисја есенски“ е песната која вечерва победи на Скопскиот фестивал и со неа Македонија го доби евровизискиот претставник за годинашниот Евросонг кој се одржува во Виена, Австрија - Даниел Кајмакоски.

Преку начинот на бодување тој се искачи на листата со 22 освоени поени преку збир од гласовите на гледачите од телевоутингот и стручното жири.
Македонската Радио телевизија и годинава како организатор на настанот одвои 20.000 евра за победникчката композиција, односно победникот Кајмаковски.

Второ пласирана е Тамара Тодевска со нумерата „Брод што тоне“, за што доби 10.000 евра. Трето место и награда од 5.000 евра освои Еги со нумерата „Да не те сакам“.

Во конкуренција за македонски Евросонг претставник годинава се натпреваруваа 20 композиции и уште толку изведувачи.

Покрај фестивалските награди за трите одбрани композиции според гласовите, организаторот додели постхумно признание за посебен придонес во музиката за неодамна починатиот Даниел Милошески од „Авалон“ продукција, а наградата за животно дело му беше доделена на доајенот на македонската музика, композиторот Димитар Масевски.

Водителската улога на фестивалот што се одржа во „Метрополис“ арената во Скопје, му беше доделена на актерот Васил Зафирчев, во ревијалниот дел настапија Каролина Гочева и Калиопи.


Почина светски познатиот DJ Avicii

Светски познатиот DJ Avicii, еден он светските имиња на денс музиката, пронајден мртов во Оман

Повеќе

Втора преобразба на оскаровката Шарлиз Терон

Холивудската убавица се здебелила 20 килограми и е препознатлива, но чувствува депресија од изгледот и новата филмска улога

Повеќе

Викторија Бекам критикувана за роденденска торта

Бившата Спаксица доживеала осуда од јавноста за овошната торта со која го прославила својот 44-ти роденден

Повеќе

Влатко Стефановски со концерт во Хрватска

Македонскиот гитарист Влатко стефановски ја воодушеви хрватската публика во преполната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб

Повеќе

Импозантно отварање на Д Фестивал со настап на Пол Ван Дајк

Тридневниот музички фестивал во Дојран од 6-ти до 8-ти јули започнува со светскиот ДЈ на електронска музика Paul Van Dyk

Повеќе

Џамбо Агушев на улицата на славните во Холивуд

ВИДЕО: Снимен нов спот „Let's Go to Hollywood“ со трубачкиот оркестар Агушеви

Повеќе

Избрани композициите за Фолк Фест 2018

19 композиции за годинашното издание на валандовскиот фолклорен фестивал 2018

Повеќе

Бред Пит и Леонардо ДиКаприо во најновиот филм на Тарантино

Квентин Тарантино ги здружи Бред и ДиКаприо во новиот филм за убиствата на кланот Менсон во филмската приказна „Си беше еднаш во Холивуд“

Повеќе

Претставена нашата песна за Евросонг 2018

Преку видео спот претставена нашата песна за Евровизија 2018

Повеќе

Доделени оскарите

„Обликот на водата“ го доби оскарот за најдобар филм на 90-тите доделувања на наградите Оскар

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.