Топ Новости >

 


Филмскиот Шурда, Смоки и многу други партизански лика останаа на филмските ленти, а нивниот изведувач, актерот Љубиша Самарџиќ почина вчера, 8 септември во 81 година од животот.

Легендарниот глумец уште во декември минатата година имал тешка операција на мозокот. Лекарите имаа оптимистички прогнози, но три месеци подоцна се вратил во болница поради главоболки, вртоглавица и мачнини. Сепак во март успеал да се појави на Белградскиот Фестивал на документарен и краткометражен филм, каде се прикажувал неговиот филм "Panta rei".

Последниот месец дена здравствената состојба му се влошила, поради хроничната леукемија од која боледувал подолго време.

Љубиша Самарџиќ е роден 19 ноември 1936 година во Скопје, во рударско семејство. Студираше пеаво, а потоа се префрли на Академијата за драмски уметности. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнува да глуми во театарот. Првата улога ја остварува во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следуваа низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја доби и наградата Гранд При во Ниш. За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумеше во партизански филмови, а напоредно оствари и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја доби тогаш највисоката државна награда „Авној“, кој првпат се доделила на филмски актер. Сите освоени награди ги остави во наследство на југословенската кинематографија.

Со својата животна избраничка, Мирјана помина 50 години во брак, со која има две деца, Драган и Јована.
Меѓу глумците и филмските миленици, остана запознат по прекарот Смоки, од ликот што го глумеше во филмот „Песочен град“. Последната улога која ја имаше беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ во 2011 каде се јавува и како режисер.

Видео потсетување од потресната сцена на боиштето кај гробиштата во костец со четниците од филмот „Битката на Неретва“ каде Љубиша го игра борецот Новак, и Џина Лолобриџита неговата сестра Дана.


 


Новото лице на Бранџелина

11-годишната Шајло е првото биолошко дете на големото семејство на Анџелина и Пит која наликува на двајцата свои родители 

Повеќе

Промоција на нова песна на Тоше Проески

Најава за нов албум со снимките на Тоше снимени во Лондон 

Повеќе

Документарец за режисерот Спилберг

Излезе првиот трајлер за документарниот филм посветен за живото и работата на легендарниот филмски режисер Стивен Спилберг

Повеќе

Почина Љубиша Самарџиќ

Филмскиот Шурда, Смоки и многу други партизански лика останаа на филмските ленти, а нивниот изведувач, актерот Љубиша Самарџиќ почина вчера, 8 септември во 81 година од животот

Повеќе

Рангирање на филмските трилогии

Не секогаш првиот филм од трилогијата е и најгледан

Повеќе

Прекрасен Денс микс

Танцувачки точки од незаборавни филмски музички хитови

Повеќе

Деспасито ја заживува порториканската економија

Tуристичкиот интерес за Порторико пораснал за 45 отсто, откако песната „Деспасито“ почна да се слуша низ целиот свет

Повеќе

Селин Дион позираше гола за Вог

Познатата пејачка и првенка на Евросонг, донитничка на Оскар за филмскиот хит во „Титаник“ маше тежок период животот, но полека се враќа во нормала

Повеќе

Терминатор на велосипед

Филмскиот актер Арнолд Шварценегер на велосипедска тура низ Париз

Повеќе

Здрава и енергична, а денес во количка

Исцрпената Јоко Оно

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.