Топ Новости >

Песната на Балашевиќ „Дно на дното“ забранета во Србија

  • Недела, Јан 14 2018

 

 


 


Новата општествено ангажирана песна на Ѓорѓе Балашевиќ, "Дно на дното" ја предизвика јавноста во Србија веднаш штом беше објавена.

По долго време, пејачот и текстописец од Нови Сад одлучи да ги замени љубовни стихови со критики за кои многумина мислат дека се упатени на сегашната Влада на Србија.

Во новата песна, Балашевиќ пишува за "мирисот од една фарма пуштен во парламентот", дека "од кога постои светот, векот и луѓето, најголемите антагонисти ја приграбуваат моќта". И, како и тоа "браќата прогласија грабеж за Крстоносната војна".

Тој всушност пее за политика, односно "парламентарниот леб без мотика спаѓа во групата на наркотици". Еве еден стих:

„Дно на дното... Леб и аудиција ... Дно од дното ... Среќата е тешка циција

Дно на дното ... Остаруваат децата на драфтот на асфалтот ... Во злото ...
Дно на дното ... Тие можат да бидат гиганти... Но, се' повеќе и повеќе се мигранти ...
Во својата земја ... На свое тло ...“

 

Еве ја песната на Балашевиќ. Можеби ќе се изненадите колку е реална и затоа ги застрашила моќниците кои издејствувале забрана за нејзино емитување. Сепак ја има на видео каналот You Tube.



Неговата ќерка, Беба Балашевиќ, на Твитер објави дека од целиот негов репертоар токму оваа песна, верувале или не, е забранета за емитување по радио станиците ширум Србија.

Незадоволна од исходот и третманот на творештвото на нејзиниот татко, Беба објавила и коментари од редакциите и вработените на сите поголеми радио станици. А, потоа, го изразила своето незадоволство.

Зрелиот кантавтор со своето лично животно искуство и општествено око уметнички да се произнесе за стварноста, по се' изгледа ги надживеал баладите и песните за детството и младоста. Животната реалност го провоцира на таков ангажман, а политичарите провоцирани од вистината враќаат со анахрони забрани. 

 


 

Мозочен удар ја загрози кариерата на Шерон Стоун

И холивудските ѕвезди се луѓе. Не се имуни ниту на стрес, ниту на болести

Повеќе

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

По тешка болест, почина српскиот актер Небојша Глоговац на 48-годишна возраст, јавија српските медиуми

Повеќе

Денес се одбележуваат 37 години од раѓањето на Тоше Проески

На 25-ти јануари (на денешен ден) Тоше требаше да наполни 37 години

Повеќе

Песната на Балашевиќ „Дно на дното“ забранета во Србија

ВИДЕО: Дали е реално ова што се случува во Србија се прашува јавноста по забраната за емитување на сите радио станици на новата песна од Балашевиќ

Повеќе

Неугледната домаќинка за осум години заработила 33 милиони долари

Во прашање е нејзиниот извонреден глас, а за појавата се погрижија тим стилисти и креатори и, беше родена новата ѕвезда на „Британија има талент 2009“

Повеќе

Фчерашни со новогодишен хит

Крисмас сонг на Фчерашни

Повеќе

„Ono malo sreće“ - Нов албум на Здравко Чолиќ

Најновиот петнаесетти албум на Здравко Чолиќ од 15 декември пуштен во продажба

Повеќе

Осмата сезона на „Игра на тронови“ ќе пристигне во 2019

Софи Тарнер во интервју открива дека осмата последна сезона од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019 година

Повеќе

Новото лице на Бранџелина

11-годишната Шајло е првото биолошко дете на големото семејство на Анџелина и Пит која наликува на двајцата свои родители 

Повеќе

Промоција на нова песна на Тоше Проески

Најава за нов албум со снимките на Тоше снимени во Лондон 

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.