Топ Новости >

 


Украински фотограф одвоил цела деценија од својот живот за еден проект. Низ неговиот прозорец во кујната, Јевхен Котенко ја сликал истата клупа десет години, и додека нејзината боја се менувала, некои работи останале исти.

„Не си поставував ограничување во време или цели, само одев во кујната и погледнував низ прозорецот“, изјави тој.

„Обично имаше што да се види“, додава.

Иако Котенко тврди дека има убави спомени од маалото каде пораснал, сепак се сеќава и на многу лоши работи, за кои како што вели, подобро да не се размислува.

„Најлошото нешто беше да се гледаат луѓето со кои одев на училиште како пијат на клупата, а потоа ползејќи си заминуваа кон дома како рептили. Се плашев дека ако излезам, ќе станам еден од нив“.

Неговите фотографии беа изложени во Киев и поттикнаа мешавина од реакции.

„Некои луѓе се смееја, други се пожалија дека сум се фокусирал на алкохоличарите“.

Иако фотографот се преселил минатата година, тој сè уште ќе биде во можност да продолжи со својата работа.

„Јас се преселив само еден километар подолу од улицата“, појасни тој.

Неговите родители сè уште живеат во станот со погледот.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите што Котенко ги направил изминативе десет години. 



 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.