Топ Новости >

Тинејџер поправил грешка во податоците на НАСА

  • Четврток, Мар 30 2017


Британски ученик неодамна ги контактирал НАСА за да им укаже дека имаат грешка во податоците забележани на Интернационалната вселенска станица (ИСС). Мајлс Соломан, 17-годишен средношколец во училиштето Таптон во Шефилд, работел на проектот Тим Пикс, кој им овозможува на учениците од Велика Британија пристап до податоците забележани од детекторите за радијација, за време на шестмесечниот престој на британскиот астронаут Тим Пик на станицата.

Меѓу останатите проекти, Пик учествуваше во истражувачка програма чија цел е да го дознае влијанието на вселенската радијација врз луѓето. Радијацијата на ИСС ја надгледуваат Тајмпикс детектори, кои се вклучени во компјутер и редовно ги испраќаат податоците назад до Земјата.

Соломан и неговите соученици ги добиле мерките од овие апарати во огромна количина табели во Ексел, што им овозможило да вежбаат анализа на податоци врз вистински научни информации.

Кога ги подредиле податоците според нивоа на енергија, Соломан забележал нешто чудно.

„Веднаш почнав да го разгледувам крајот на листата и најмалите делчиња енергија кои беа забележани таму. Забележав дека каде што не треба да има енергија и радијација, всушност пишуваше -1. Првото нешто што го помислив беше: „Не постои негативна енергија“, па сфатив дека се работи за грешка“.

Соломан и неговиот наставник по физика, Џејмс О’Нил, веднаш испратиле мејл до НАСА.

Како што објаснил Соломан за ББЦ Радио, истражувачите во НАСА одговориле дека биле свесни за грешката, но мислеле дека се случува еднаш или двапати годишно.

„Тоа што ние откривме е дека грешката се случува повеќе пати секој ден“, вели Соломан.

„Мислеа дека го поправиле тоа. Проблемот е што некои од алгоритмите кои ги претвораат податоците биле погрешни, и поради тоа пресметале негативен број“, вели физичарот Лоренс Пински од Универзитетот на Хјустон, кој работи на овој проект на НАСА.

Прашан од ББЦ дали во НАСА сметаат дека е срамно што ученик забележал ваква грешка, Пински вели дека не им е срам, туку се многу благодарни.

„Идејата дека ученици можат да соработуваат во реалноста, значи дека имаат можност да наоѓаат вакви нешта“.

ТимПикс е една од многуте иницијативи организирани од ИРИС (Институт за истражувања во училиштата), хуманитарен труст во Велика Британија, кој им дава на учениците и наставниците можност да спроведуваат вистински научни истражувања на училиште.

 


Дум Павле, дум

Нова циркузијада во квизот на Драган Вучиќ

Повеќе

Видео: 80 години љубов

Двојата од Бруклин, (Њујорк-САД) се 80 години во брак и се' уште вљубени 

Повеќе

Се сеќавате ли на плочка - кривулица

Би заиграле ли плочка - кривулица доколку ја видите на тротоар?

Повеќе

Јапонски воз со 350 км на час

ВИДЕО: Каква брзина, каков баланс и амортизација на движењата

Повеќе

Вселената влијае на ДНК структурата кај човекот

Неочекувани промени во ДНК стриктурата по едногодишен престој во Вселената констатирани кај американски космонаут

Повеќе

Почина физичарот Стивен Хокинг

Рано утрово на 76 годишна возраст почина еден од најголемите светски умови

Повеќе

Продиџи на акустична гитара

Италијански виртуаоз на гитара свири хитови на „The Prodigy“

Повеќе

Кои се најчестите презимиња во словенските земји

Мапа со најчесто употребувани презимиња во европските земји, со акцент на зачестеноста и сличноста во словенските земји

Повеќе

Десет години истата клупа

Украински фотограф низ неговиот прозорец ја сликал истата клупа десет години

Повеќе

Цивилизирани кралеви на џунглата

ВИДЕО: Лавови одомаќинети на патот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.