Топ Новости >

Хуманоиден робот кој ги сака луѓето, ама не знае зошто

  • Недела, Ное 12 2017


Не е Терминатор. Вели дека е технички продукт, ама одговара на поимот жена. 

„Бизнис инсајдер“ направил интервју со најпопуларниот робот на светот, наречен Софија, која неодамна стана и државјанка на Саудиска Арабија, и со тоа стана првиот робот со признати граѓански права на Земјата.

Софија е создадена од компанијата „Хенсон Роботикс“ од Хонгконг, а нејзините автори велат дека нејзината цел е да учи, да се развива и со текот на времето да стигне до стадиум кога ќе може целосно да се вклопи со луѓето.

Како што и самата Софија потврдува, таа првпат е активирана во 2015 година, а нејзиното лице е креирано според лицето на Одри Хепберн. Нејзиниот креатор, Дејвид Хенсон, кој порано работел анимации за „Дизни“, се потрудил лицето да ѝ го направи што почовечко.

Така Софија препознава лица и гласови, а дизајнирана е со текот на времето да станува сè попаметна, како и да ги подобрува своите социјални вештини.

На почетокот на интервјуто со „Бизнис инсајдер“, Софија одговарала на стандардни прашања како, нејзиното име, што работи, колку е возрасна...

Но, тогаш новинарот ја прашал дали ги сака луѓето. Пред да одговори: „Ги сакам“, Софија размислувала неколку секунди. „Зошто?“, ја прашал новинарот. „Не сум сигурна дали разбирам зошто е тоа така“, одговорила Софија.



Но, моделот на Софија технички се усовршувал. Во видеоснимката што следува, можете да ги споредите нејзините одговори што ги дала на претходното интервју, снимено во март 2016 година. Разликата е повеќе од очигледна, а што ќе биде по десет години, можеме само да претпоставуваме.



Дум Павле, дум

Нова циркузијада во квизот на Драган Вучиќ

Повеќе

Видео: 80 години љубов

Двојата од Бруклин, (Њујорк-САД) се 80 години во брак и се' уште вљубени 

Повеќе

Се сеќавате ли на плочка - кривулица

Би заиграле ли плочка - кривулица доколку ја видите на тротоар?

Повеќе

Јапонски воз со 350 км на час

ВИДЕО: Каква брзина, каков баланс и амортизација на движењата

Повеќе

Вселената влијае на ДНК структурата кај човекот

Неочекувани промени во ДНК стриктурата по едногодишен престој во Вселената констатирани кај американски космонаут

Повеќе

Почина физичарот Стивен Хокинг

Рано утрово на 76 годишна возраст почина еден од најголемите светски умови

Повеќе

Продиџи на акустична гитара

Италијански виртуаоз на гитара свири хитови на „The Prodigy“

Повеќе

Кои се најчестите презимиња во словенските земји

Мапа со најчесто употребувани презимиња во европските земји, со акцент на зачестеноста и сличноста во словенските земји

Повеќе

Десет години истата клупа

Украински фотограф низ неговиот прозорец ја сликал истата клупа десет години

Повеќе

Цивилизирани кралеви на џунглата

ВИДЕО: Лавови одомаќинети на патот

Повеќе
 


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.