Топ Новости >

Хуманоиден робот кој ги сака луѓето, ама не знае зошто

  • Недела, Ное 12 2017


Не е Терминатор. Вели дека е технички продукт, ама одговара на поимот жена. 

„Бизнис инсајдер“ направил интервју со најпопуларниот робот на светот, наречен Софија, која неодамна стана и државјанка на Саудиска Арабија, и со тоа стана првиот робот со признати граѓански права на Земјата.

Софија е создадена од компанијата „Хенсон Роботикс“ од Хонгконг, а нејзините автори велат дека нејзината цел е да учи, да се развива и со текот на времето да стигне до стадиум кога ќе може целосно да се вклопи со луѓето.

Како што и самата Софија потврдува, таа првпат е активирана во 2015 година, а нејзиното лице е креирано според лицето на Одри Хепберн. Нејзиниот креатор, Дејвид Хенсон, кој порано работел анимации за „Дизни“, се потрудил лицето да ѝ го направи што почовечко.

Така Софија препознава лица и гласови, а дизајнирана е со текот на времето да станува сè попаметна, како и да ги подобрува своите социјални вештини.

На почетокот на интервјуто со „Бизнис инсајдер“, Софија одговарала на стандардни прашања како, нејзиното име, што работи, колку е возрасна...

Но, тогаш новинарот ја прашал дали ги сака луѓето. Пред да одговори: „Ги сакам“, Софија размислувала неколку секунди. „Зошто?“, ја прашал новинарот. „Не сум сигурна дали разбирам зошто е тоа така“, одговорила Софија.



Но, моделот на Софија технички се усовршувал. Во видеоснимката што следува, можете да ги споредите нејзините одговори што ги дала на претходното интервју, снимено во март 2016 година. Разликата е повеќе од очигледна, а што ќе биде по десет години, можеме само да претпоставуваме.



Кои се најчестите презимиња во словенските земји

Мапа со најчесто употребувани презимиња во европските земји, со акцент на зачестеноста и сличноста во словенските земји

Повеќе

Десет години истата клупа

Украински фотограф низ неговиот прозорец ја сликал истата клупа десет години

Повеќе

Цивилизирани кралеви на џунглата

ВИДЕО: Лавови одомаќинети на патот

Повеќе

Дали секоја Нова година Ви е иста?

Фото сесија на четворица другари од нивните заеднички прослави на Новата Година

Повеќе

Астрономски календар за 2018

Какви астрономски појави најавуваат научниците за следната 2018 година?

Повеќе

По што ќе ја запаметите 2017

Видео: Еве нешто од светскиот избор

Повеќе

Несекојдневен уметник

Слон со уметничка прецизност го црта својт вид

Повеќе

Хуманоиден робот кој ги сака луѓето, ама не знае зошто

Не е Терминатор. Вели дека е технички продукт, ама одговара на поимот жена. Наречен е Софија

Повеќе

Halloween странски служби

Американската амбасада во Македонија со интересна креација за Ноќта на вештерките

Повеќе

Уништувач на инстаграм специјалитети

ВИДЕО: Како да уништите инстаграм фотографии за јадењата нарачани во угостителски објект 

Повеќе
 


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.