Топ Новости >

Почина физичарот Стивен Хокинг

  • Среда, Мар 14 2018

 


 

Рано утрово на 76 годишна возраст почина познатиот физичар Стивен Хокинг. Професорот Хокинг кој е познат по својата работа во областа на физиката, по својата работа за црните дупки во универзимот, нивната поврзаност со релативноста и е автор на повеќе книги меѓу кои и најпознатата „Кратка историја на времето“ која е продадена во над 10 милиони прмероци.

Хокинг е првиот што ја постави теоријата за космологија како сојуз на релативитетот и квантната механика. Тој откри и дека црните дупки емитуваат енергија и исчезнуваат во празно – феномен кој подоцна ќе се нарече Хокингово зрачење.

Од неговото семејство утрово соопштуваат дека Хокинг мирно починал во неговиот дом во Кембриџ.

„Длабоко сме тажни што нашиот сакан татко денес почина. Тој беше голем научник и извонреден човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години. Неговата храброст и упорност со неговата брилијантност и хумор ги инспирираа луѓето низ целиот свет. Тој еднаш рече: - Ова и немаше да биде некој универзум ако не беше дом на луѓето што ги сакате. Ќе ни недостига засекогаш“, соопштија децата на Хокинг, Луси, Роберт и Тим.

На 22 година возраст на професорот Хокинг му е дијагностициран редок вид моторна невронска болест. Тогаш докторите му давале само шанса да преживее само уште две години, но болеста половина век го зароби во инвалидска количка. Поради ретката болест тој не можеше ни да зборува и комуницираше со другите и држеше предавања пред огромен број на ученици преку гласовен синтетизатор.


 

Дум Павле, дум

Нова циркузијада во квизот на Драган Вучиќ

Повеќе

Видео: 80 години љубов

Двојата од Бруклин, (Њујорк-САД) се 80 години во брак и се' уште вљубени 

Повеќе

Се сеќавате ли на плочка - кривулица

Би заиграле ли плочка - кривулица доколку ја видите на тротоар?

Повеќе

Јапонски воз со 350 км на час

ВИДЕО: Каква брзина, каков баланс и амортизација на движењата

Повеќе

Вселената влијае на ДНК структурата кај човекот

Неочекувани промени во ДНК стриктурата по едногодишен престој во Вселената констатирани кај американски космонаут

Повеќе

Почина физичарот Стивен Хокинг

Рано утрово на 76 годишна возраст почина еден од најголемите светски умови

Повеќе

Продиџи на акустична гитара

Италијански виртуаоз на гитара свири хитови на „The Prodigy“

Повеќе

Кои се најчестите презимиња во словенските земји

Мапа со најчесто употребувани презимиња во европските земји, со акцент на зачестеноста и сличноста во словенските земји

Повеќе

Десет години истата клупа

Украински фотограф низ неговиот прозорец ја сликал истата клупа десет години

Повеќе

Цивилизирани кралеви на џунглата

ВИДЕО: Лавови одомаќинети на патот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.