Топ Новости >

Вселената влијае на ДНК структурата кај човекот

  • Недела, Мар 18 2018


Едногодишниот престој во Вселената на американскиот астронаут Скот Кели предизвикале промени кај неговата ДНК структура, која претходно била идентична со неговиот брат близнак Марк, кој останал на Земјата. Пред да замине во Вселената, американскиот астронаут Скот имал вообичаени детални прегледи и анализи за неговата здравствена состојба, но по враќањето од Вселената на шега вели: „Кој би рекол!? Ова можеби се и добри вести! Веќе не морам да го нарекувам својот брат „идентична копија", се пошегува астронаутот.

Истражувањата на НАСА посочуваат дека дури седум отсто од ДНК-та на Скот „неочекувано се измениле" по неговиот едногодишен престој на Меѓународната вселенска станица.

НАСА наведува дека 340-дневниот престој во Вселената најверојатно кај Кели го активирал она што научниците го нарекуваат „вселенски гени". На сликата се гледа дека Скот (десно) дури пораснал во однос на својот брат близнак Марк (лево), кој исто така е астронаут, но не го придружувал својот бран на мисијата.

„Физичкиот стрес кој телото го доживува при патување во Вселената може да доведе до промени во РНК-та и ДНК-та. Тие процеси може да значат и промени во молекуларната структура, на пример, во мастите и протеините, што пак, доведува до распаѓање на клетките. Тоа ги активира или исклучува гените, со што доаѓа до промени и во функциите на клетките“, се вели во соопштениието на НАСА.

Научниците натаму истакнуваат и дека овие долготрајни промени во имунолошкиот систем на Скот Кели, влијаат во обновувањето на неговата ДНК, во системот на создавање на коскеното ткиво, како и на специфичната состојба на понизок кислороден и повисок јаглероден притисок во телото.

 


Дум Павле, дум

Нова циркузијада во квизот на Драган Вучиќ

Повеќе

Видео: 80 години љубов

Двојата од Бруклин, (Њујорк-САД) се 80 години во брак и се' уште вљубени 

Повеќе

Се сеќавате ли на плочка - кривулица

Би заиграле ли плочка - кривулица доколку ја видите на тротоар?

Повеќе

Јапонски воз со 350 км на час

ВИДЕО: Каква брзина, каков баланс и амортизација на движењата

Повеќе

Вселената влијае на ДНК структурата кај човекот

Неочекувани промени во ДНК стриктурата по едногодишен престој во Вселената констатирани кај американски космонаут

Повеќе

Почина физичарот Стивен Хокинг

Рано утрово на 76 годишна возраст почина еден од најголемите светски умови

Повеќе

Продиџи на акустична гитара

Италијански виртуаоз на гитара свири хитови на „The Prodigy“

Повеќе

Кои се најчестите презимиња во словенските земји

Мапа со најчесто употребувани презимиња во европските земји, со акцент на зачестеноста и сличноста во словенските земји

Повеќе

Десет години истата клупа

Украински фотограф низ неговиот прозорец ја сликал истата клупа десет години

Повеќе

Цивилизирани кралеви на џунглата

ВИДЕО: Лавови одомаќинети на патот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.