Топ Новости >

Одговорност е вода без арсен за Гевгелија

  • Среда, Јун 14 2017


Гевгеличани со години пијат вода загадена со арсен. Иако невладината организација „Арсена“ постојано укажува дека водата за пиење е загадена, Општина Гевгелија дури во септември годинава објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот.

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода. Тој тврди дека водата во Гевгелија е чиста, но дека локалните власти сакаат да го тргнат секој сомнеж.

„Арсена“ во јули годинава ја објави анализата на примерок вода од гевгелискиот водовод, која покажа присуство на енормни количества арсен, но и на тешкиот метал ванадиум, а за изјавата на Франгов од организацијата велат дека е замајување на јавноста и изборен маркетинг.
Како што пишува во огласот објавен на веб-страницата на Општината, водоснабдителниот систем ќе се градел со кредит од Светска банка и со грант од ИПА-програмата.

Со проектот е предвидено да се изградат два нови бунари кај реката Вардар, потисен цевковод и резервоар на Мрзенски рид.

Според Светската здравствена организација, арсенот е еден од најсилните отрови, кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно. Предизвикува многу негативни последици, а според некои научници, се сврзува директно за човековата ДНК. Предизвикува кршење на хромозомите и нивно скратување, што води до генетски нарушувања на коскената срж, односно предизвикува леукемија.

Извор: МЕТА - Новинска Агенција 

(ноември 2016)

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.