Топ Новости >

Младите во фокусот со „Живот за сите во Гевгелија“

  • Понеделник, Окт 09 2017


Мисијата на програмата на коалицијата што ја предводи СДСМ на претстојните локални избори е „младите во фокусот“ со нудење на опции за едукација, забава, образование, презентација на своите способности и создавање на ангажирани чинители во општеството.

За остварување на таков општествен амбиент за младите, од СДСМ порачуваат дека во нивната програма за претстојниот мандат во локалниот општински Совет тие ќе работат на следново: „Градиме по план - Нов мултимедијален културен центар за Гевгелија“, со тоа што интересите на младите за знаење и унапредување, забава и инерактивност ќе се преточат на едно место со изградба на нов мултимедијален културен центар во Гевгелија.

Повеќе за овие програмски ангажмани на членивите на советот во идната локална самоуправа од кандидатот за претставник во највисокото тело на локалната власт од редовите на СДСМ - Петар Јанчев.

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.