Топ Новости >

Тамара Венова - Да го вратиме спортскиот дух на општината

  • Среда, Окт 11 2017


За уредени услови, модерни терени за рекреација и уживање на младите и секој еден жител на нова и модерна Гевгелија за каква што ќе се залагаат кандидатите за советници од листата на СДСМ и коалиционите партнери е мотивот на обраќањето на Тамара Венова.

На овие локални избори, Програмата „Живот во Гевгелија за сите“ спортот и рекреацијата ги става во категоријата на приоритетни проекти. Овде се вбројува изградбата на спортско рекреативен комплекс со отворен базен, нов и современ фудбалски стадион, помошни игралишта, тениски игралишта и сезонски балон терени за помали спортови.

Кандидатот за советник во новиот состав на највисокиот орган на локалната самоуправа во Гевгелија Тамара Венова ги повикува сограѓаните да ги прифатат приоритетите на програмата за „Живот во Гевгелија за сите“ и да овозможат со својот глас „Да го вратиме спортскиот дух на општината“.

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.