Топ Новости >

Нема блокада на ГП Богородица

  • Среда, Дек 20 2017


Најавениот протест со блокада на граничните премини низ државата од страна на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на притворените учесници за настаните во Собранието од 27 април годинава, не доби ниту еден приврзаник во Гевгелија, бидејќи камерата на доброволниот репортер на социјалните мрежи не регистрираше присуство на граѓани, протестирачи, ниту блокади на протокот на возила и патници на Граничниот Премин Богородица. 

Денеска во терминот од 16 до 18 часот за кога беше закажан протестот со блокади на ГП Богородица, слободен граѓанин во 17 часот прошета по магистралниот пат и со снимка од мобилен го регистрираше слободниот проток на возила и транспортен транзитен превоз на стоки. Има и коментар додека снима, кој е негов личен став. Во секој случај најавите за блокада на сите гранични премини во државата денеска во Гевгелија не се оствари. 

Видео и Фото: Митко Илиев

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.