Топ Новости >

Пазарот во Гевгелија функционира нелегално

  • Четврток, Фев 01 2018


Без примопредавање од инвеститорот и без изведба на сите проектни зафати пазарот е пуштен во употреба, што е на штета на инвеститорот, Општина Гевгелија.

На последната седница на Советот на Општина Гевгелија советникот Тихомир Ручкоманов во точката „Советнички прашања“ побара од Градоначалникот да му биде доставен договорот за изградба на градскиот пазар во Гевгелија, кој во систематизација на објекти со кои располага ЈПКД „Комуналец“ не постои како објект, иако стопанисува со него.

Градоначалникот Сашо Поцков во одговорот на советничкото прашање потврди дека примопредавање помеѓу изведувачот фирмата „Бауер“ од Скопје и инвеститорот - Општина Гевгелија нема извршено. Пазарот е пуштен во употреба на 3 август 2017 без постапка за примопредавање. На локалцијата има незавршени работи кои изведувачот е должен да ги доврши, но истиот се држи до клаузата во договорот која вели дека „изведувачот нема надлежност по пуштањето на објектот во употреба“.

Сомнежите на советникот Ручкоманов за несовесното и неодговорно работење на претходниот потписник на договорот за изградба на пазарот кој се „влече“ како инвестиција од 2013 година и 19-те анекси на договори за јавни набавки на Општината предизвика и второ советничко прашање, со барање: „Дали може сите 19 анекс договори да се објават на ВЕБ страната на општината, во рок од 10 дена, со цел поголема транспарентност во трошењето на јавните средства пред граѓаните на општина Гевгелија“.
Градоначалникот Сашо Поцков го одобри и прифати барањето за јавен увид на граѓаните во 19-те анекси преку ВЕБ страбата на Општината.

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.