Топ Новости >

Александар Дојранлиев на „ФОКУС“ листата на најхрабрите во 2016

  • Понеделник, Јан 02 2017


Во избор на неделникот „ФОКУС“ меѓу десетината личности кои и' пркоселе на фамилијата што ја криминализира власта, а со тоа и институциите во државата ги партизира за своја заштита, се најде и нашиот сограѓанин, гевгеличанецот Александар Дојранлиев, граѓански активист, координатор на „АРСЕНА“ и фото-гласник на неправдите од власта. За својата инспиративност од режимлиите и одговорот што го дава преку своите креации во вид на фото-монтажа, како нов стил на говор низ социјалните мрежи, за неделникот „Фокус“ Дојранлиев изјави: 

- „Креативноста си доаѓа сама од забеганото секојдневие. Нема ден без помината глупост на режимот. Како да не ги зафркаваш?
Креативноста по која што сте ме забележале е мој одговор на сите измислени спинови на власта и реалноста на животот која што непосредно ја гледам околу мене. Не сум политички функционер да им контрирам со одговори и противтези на изнесените нереални листи за „достигнувањата“ на власта, кои никако како граѓани не ги чувствуваме во реалноста како дел од животот на просечен македонец, па затоа одговарам со нови креации кои се исто така реално -нереални како фалбите на власта, а реални со ликовите од фотомонтажите кои ги користам. Сликовитоста на пораките брзо беше препознавана по социјалните мрежи што беше позитивен знак за мене дека се' уште има свесен дел од граѓанството во Македонија коишто не верува на небулозните спинови што се сервираат од страна на власта.
Изгледа, хуморот најмногу ги боли „режимлиите“ и преку хуморот најбрзо се стига до секој еден човек, без разлика дали е партиски определен или одбрал да молчи. Со хуморот директно во нивната Ахилова пета, заради суетноста и лажната самоувереност дека се недостижни богови, а се всушност докажани мафијашки босови во Македонија“, одговара Дојранлиев.

На прашањето на „Фокус“ дали очекува конечно во 2017 година нешто да се промени во земјава, Александар одговара:

- „Се поголемата свесност и комуникација со граѓаните кои на лесен начин ги препримаат моите креации кои ја разобличуваат дволичноста на власта (од една страна лажното патриотство - од друга страна криминалот) ме тераат да верувам дека има надеж за Мекедонија. Очекувам позитивни промени од сите овие позитивно настроени граѓани кои сакаат поинаква Македонија. Очекувам СЈО да се забревта од работа, очекувам одговорност од криминалците за сето што и го нанесоа на државата, а го трпевме и ќе го трпиме и ние како граѓани и следните години во вид на враќање на нивните неоправдани задолжувања само заради одржувања во власт. Ведрината и оптимизмот како енергија што ја носи човекот се нешта кои мора да го поразат ова општествено сивило“, одговара Дојранлиев.

Неделникот „ФОКУС“- од 30.12.2016 година - Александар Дојранлиев бара одговорност од криминалците

„Фокус“-од 30.12.2016 и прилогот на Ирена Мулачка со „Листата на Фокус на најхрабри личности во годината што измина“, со наслов „Херои што и' пркосат на власта“.

Во предговорот на прилогот стои:

„Меѓу стотиците ијлади граѓани кои на изборите го дадоа гласот за промени и пад на режимот, може да се издвојата барем ијлада јавни личности кои со својот граѓански активизам и општествен ангажман и' дадоа посебен печат на годината што измина. На покусата листа што ја направи „ФОКУС“ има актуелни политичари, новинари, професори, музичари, пејачи, карикатуристи, но и анонимни личности кои за прв пат се појавија во јавноста, а се жестоки борци против режимот и диктатурата“. 

 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 


 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.