Топ Новости >

Ѓорѓи Лазаревски - невидливиот херој од УБК зад бомбите

  • Петок, Сеп 01 2017


Најпознатиот македонски свиркач- херојот на „Бомбите“ за прислушкуваните разговори вели: „ Бев среќен во притвор зошто надвор веќе се случуваа измени. За еден живот вреди да се помине тоа, па да си речеш не беше залудно.



Прв пред јавноста со обзнана на „бомбите“ се охрабри тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Првата политичка „бомба“ пукна на 09 февруари. Јавноста слушна за масовни злоупотреби на државата за лични и партиски цели во размери кои беа застрашувачки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја веќе воспоставената спрега помеѓу извршната власт и судството поведе случај против сите инволвирани во протекувањето на прислушуваните материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање, како и против Заев и поранешниот директор на УБК и во тоа време дипломат во Рим, Зоран Верушевски.

Но, кои се вистинските дојавуачи на корупција и криминал или, популарно свиркачи? Обвинети беа и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски од УБК. Костовски во контроверзниот процес се изјасни за виновен и беше пуштен дома, додека Лазаревски одлежа 11 месеци во притворното одделение во Шутка. Не признаваше вина. Тој беше човекот кој работел во службата, ги сведочел масивните злоупотреби на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата - професионалната администрација.



 Истовремено, ова интервју со најголемиот македонски свиркач НОВАТВ го користи и како повод за да ја објавува и својата алатка за безбедно пријавување корупција и криминал, како и други злоупотреби во институциите, бизнис секторот и пошироко наречен „Свирни за Вистината“. Ова е првата ваква комплетно безбедна алатка направена по примерот на водечките светски редакции кои на своите читатели им овозможуваат анонимно и безбедно да достават документи, дојави и други докази за злоупотреби.

Извор: Новатв

 


Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

Спротивно на законите и одредбите си ја зголемил платата за повисок ранг

Повеќе

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

Утринава САД, Британија и Франција започнуваат со воздушни напади на Сирија

Повеќе

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Поскапуваат цигарите

Пролетно поскапување на цигарите

Повеќе

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

Владата ја доби довербата од пратениците, а подносителот на интерпелацијата немаше доволен број аргументи за да ги убеди другите пратеници да гласаат за интерпелација

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.