Топ Новости >


Укинувањето на одлуката за притвор на Сеад Кочан не е судски туку мафијашки чин.
Барањето на СЈО за притвор беше прифатено меѓу другото и заради опасност од бекство на обвинетиот за стореното кривично дело.
Но судот прво го информира Кочан за барањето на СЈО за притвор а полицијата му овозможи да побегне се со цел да не биде во притвор. Таквата измама од неговиот адвокат беше наречена "заминување на службен пат".
Во меѓувреме Марко Зврлевски , како главен заштитник на криминалот на фамилијата која беше на власт, поднесе барање за заштита на законитоста до Врховниот суд во случајот со Кочан кој е исклучително во надлежност на СЈО.
Бидејќи во Врховниот суд немаше мнозинство за таква гадост, Републичкиот судски совет под контрола на мафијата под итно го врати на функцијата претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, кум на Трајко Велјановски, кој на таа функција дојде без еден ден судско искуство.

Прва задача на Вангеловски по враќањето на функцијата беше да ги одбие приговорите на судиите за распоредот и да го тргне настрана барањето на СЈО за неприфаќање на барањето за заштита на законитоста од Зврлевски.
Вангеловски формира судски совет од петмина на кој се става на чело и со три гласа за, ја донесува во петок ,пред викенд одлуката за укинување на притворот, веројатно со образложение дека немало опасност од бегство во случајот со веќе избеганиот Кочан.

Мафијата прогласува уште една победа. И воведува уште едно правило. На секоја одлука за било каква мерка против обвинетите од СЈО Зврлевски има право да бара заштита на законитоста од својот побратим Вангеловски и мерките да бидат укинувани.

Груевски и тајфата додека го блокираат и натаму формирањето на новата влада можат и натаму да му веруваат на својот најцврст бедем за одбрана на мафијата. Тој се покажува без срам, мошне витален и успешен и на сите ни се смее во лице.

Автор: Ѓорги Спасов

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.