Топ Новости >

Прости Македонијо, мајко мила

  • Четврток, Мај 18 2017


Македонијо, плачам сега, затечена со веста за доделувањето на мандатот на Зоран Заев за составување нова влада. Онаква каква што си во моментов: разединета, раскарана, испокрадена, понижена, навредена и силувана. Како да си излезена од војна, како да си била под 11-годишна окупација на народни непријатели и тирани кои те обесчестиле, те уназадиле, те распартале, те изгазиле, те осиромаштиле, а нас, твоите деца, непомирливо не’ поделија. Велепредавство е преблага квалификација за злосторството врз тебе, моја Македонијо.

Овие моменти ги доживувам со многу емоции, небаре се објавил крај на некоја војна, или завршила некоја чума. Премногу долго траеше мракобесието на груевизмот и остави длабоки лузни и траги во колективната меморија на многу луѓе. Не ја чувствувам промената на власта како нешто нормално и рутински што би било својствено за една демократија, туку како пад на еден систем. Систем на вредности, концепт на владеење и манир на однесување.
И затоа, ако токму сега е времето да му честитам на Заев, еве јавно му честитам. Воедно, ќе ги изнесам сите мои желби и соништа, ним ќе им ги посветам на мојата таковина и на сите нејзини граѓани. Повторувам – на сите нејзини граѓани.
И затоа:
- Ви посакувам никогаш повеќе да не ни се случи нереализирани, исфрустрирани, болно суетни, тотално некомпетентни и случајни луѓе да ни ја раководат државата,
- Ви посакувам никогаш повеќе да не ни се повтори протекционистичка и селективна примена на законите и правото, туку тоа што важи за еден, да важи за сите,
- Ви посакувам никогаш повеќе да не зависите од милоста на било која политичка партија и да бидете нејзини клиенти, туку од себе, од својот труд, од своето знаење и умеење и од сето она што Бог ви го дарил како човечки квалитет,
- Ви посакувам никогаш повеќе да не наседнувате на лесно дадените ветувања за успех без напор, за напредување без работа и за кариера без искуство,
- Ви посакувам мудрост и ум за да ги препознаете лажните пророци кои преку медиумите ве трујат со лаги и ви кажуваат како да размислувате,
- Ви посакувам да бидете строги кон себе, критични кон другите и одговорни во изразувањето на сопствените ставови,
- Ви посакувам да бидете толерантни и да го почитувате секое поинакво мислење или став од вашиот,
- Ви посакувам да заборавите на поделбите и да го барате она што нé спојува и обединува, а не она што не разделува,
- Ви посакувам да се борите за вистината и правдата, секогаш и секаде,
- Ви посакувам да бидете солидарни, бидејќи ние сме државата и, конечно
- Ви посакувам да бидете слободни, бидејќи тоа сите го заслужуваме.

Овој ден, 17 мај 2017 година, не е датум кога се менува власта во Македонија, туку ден од кој треба да започне создавање нови вредности, нови критериуми, нови основи и нови практики. Груевизмот не смее да биде заменет со заевизам, туку демонтиран, разграден и осуден како лош пример за владеење. Доволно сум искусна да знам дека тоа е ѓаволски тешка работа, ама секој пат од илјада милји започнува со првиот чекор, зарем не?
Македонијо, мајко мила, прости за се’ што направивме или не направивме како што треба. Можеби можевме и подобро, ама имавме голема желба да те направиме подобра. Денес се чувствувам гордо, а солзите што ми капат, се солзи радосници. Нека ни е со лесно.

Автор: Гордана Попсимонова

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.