Топ Новости >


По примерот на познатата титова наредба за време на борбите во НОБ за одбрана на ослободената територија од партизаните во февруари 1943, која гласи: „Прозор ночас мора пасти“ и новинарот-уредник Бранко Героски со колумна посветена на точката на дневен ред за смена на Јавниот обвинител Марко Зврлески која веќе втор ден се води во собранието на РМ и упорните реплики и контрареплики на опозицијата со намера за одолговеклување и одлагање на постапката, со порака: Зврлевски мора да падне!

Иако мислам дека македонските политичари веќе подолго време погрешно и прилично глупаво ги толкуваат одредбите на Изборниот законик, според кој, наводно, не може да има никакви разрешувања и именувања во време кога се распишани избори (тоа не е точно!), во случајот на обвинителот Марко Зврлевски работата е јасна како бел ден.

Талат Џафери води започната седница за разрешување и тој, како што вели самиот, нема намера да толкува, туку да спроведува прописи, ограничен единствено од волјата на народните избраници. Баш така. Ако погрешно ги спроведува прописите, ако се донесе одлука спротивна на законот и на Уставот, засегнатата страна има можност да ја исправи грешката – за тоа постојат судови и други правни механизми.

Без многу врева, без наседнување на провокациите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери треба собраниската седница да ја доведе до нејзиниот исход, до гласање за разрешување на Зврлевски од челната позиција во Јавното обвинителство. Причини и аргументи за тоа има безброј. Ги знаеме сите.

Иако мислам дека не е неопходно – бидејќи човекот веќе во неколку наврати покажа цврстина и умешност – сепак го советувам Џафери работата да ја заврши без интервенција на собраниското обезбедување. Не е убаво во Собранието пак да гледаме сцени како на 24 декември 2012 година, или како на 27 април годинава. Има начин како тоа да се изведе, а вмровците да си легнат на брашното.

Во секој случај, пратениците на партијата на Груевски со овој потег навистина покажаа дека се злосторничко здружение и тоа, всушност, сега е најважната причина поради која Зврлевски, едноставно, мора да падне!


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.