Топ Новости >

 


 

Ова беше тежок и макотрпен процес. Милион опстукции и многу непроспиени ноќи. Но, конечно дојде денот. Утре, ние граѓаните на Општина Валандово ќе се изјаснуваме на референдум. Ѓаволски тешко се изборивме за нашето уставно загарантирано право. Да имаме право, ние граѓаните да кажеме дали сакаме тешка и загадувачка индустрија во нашата општина којашто важи за најеколошка котлина во Република Македонија. Борбата нема да заврши овде и сега, но утре е таа битка. Императивната битка!

Сакаа да ни накалемат и инсталираат рудник. Сакаа тоа да го сокријат од нас. Небаре ние сме слепи и до таа мера смотани. Небаре ние пиеме сулфурна киселина! Се сопнаа. Валандово се разбуди! Малку народ сме, но им покажавме на сите како се бори. Со емоции, со страст, со разум! Не затоа што не плати Сорос, партијата или некои трансцедентни сили туку затоа што знаеме да се почитуваме себеси и своите собраќа. Затоа што го сакаме нашето родно огниште. Затоа што сакаме да останеме овде. И затоа што не сме глупи!

Повеќе од јасно беше дека инвеститорот и суровиот капитализам ќе пркоси на граѓанскиот активизам и на гласот на граѓаните. Тоа сите го знаевме и го очекувавме. Но, она што сите не запрепасти беа невидените опстукции од страна на родените Валандовчани кои во моментот беа релевантни општествени фактори. Тие застанаа на спротивната страна од граѓанството. Тие мислеа дека граѓаните се шупливи тикви. И тие се сопнаа. Додека самите тие изгледаа гротескно забрзано се јачаше граѓанскиот активизам. Валандово брилираше.

По најтешкиот пат. Ова е прв референдум во историјата на Македонија обезбеден со потписи на граѓаните. Но, и тоа немаше да биде доволно. Група од седум советници на чело со Претседателката на Советот на Општина Валандово глумеа ненадлежност. Градоначалникот се правеше паднат од Марс. Неверојатно и тажно! Не заборавајте, Претседателот на Република Македонија е роден Валандовчанец. Всушност, тој во 2013 година прв ги најави рудниците во нашата општина. Целиот овој период никаде го немаше. Додека неговите сограѓани мака мачеа да им се слушне гласот, тој слушаше џез. Можеби и ронкаше калинки, не знам! Јавниот сервис – МРТВ за кој радиодифузна такса плаќаат и граѓаните на Општина Валандово исто така ниту еднаш не спомна за институционалната борба на граѓанската иницијатива против рудниците во нивната општина. Молчеа и многумина други.

Но, еве го финалето. Утре. Граѓанскиот активизам ги победи и надживеа сите опструкции од сите. Сега сите ние, граѓаните на Општина Валандово ќе имаме право да одлучиме. Сега, се зависи само од самите нас. Да не дозволиме да се каеме за навек. За вечни времиња.

Затоа, утре кога ќе станете излезете надвор и погледнете во небото. Вдишете го свежиот воздух и размислете. Вреди ли? Погледнете ги во очи вашите родители, вашите дедовци и баби, вашите деца! Вреди ли да го жртвувате вашето родно огниште, зеленилото и цвеќињата во вашите дворови? Вреди ли да ги жртвувате култниот ајвар, ракија, слатко од смокви и сокот од калинки? Вреди ли? Вреди ли оваа уметност од животна средина, оваа фузија помеѓу природата и нашите предци да ја продадеме вака ефтино? Вака несвесно и несовесно. Размислете! Вреди ли за туѓи бели дворови, сами да си копаме црни гробови?! Па,одлучете самите!

Пишува: Перо Костадинов


 

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

Спротивно на законите и одредбите си ја зголемил платата за повисок ранг

Повеќе

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

Утринава САД, Британија и Франција започнуваат со воздушни напади на Сирија

Повеќе

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Поскапуваат цигарите

Пролетно поскапување на цигарите

Повеќе

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

Владата ја доби довербата од пратениците, а подносителот на интерпелацијата немаше доволен број аргументи за да ги убеди другите пратеници да гласаат за интерпелација

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.