Топ Новости >


Писмо со благодарност до граѓанството од новинарот, колумнист и публицист, растурач на мракот на социјалните мрежи - Бранко Тричковски:

Како Катарина Вит во пируетите и рицбергерите за шестка, како Надја Команечи за чиста десетка на греда, како Бубка во рекордните скокови со стап, као Мајкл Џордан во играта за петиот прстен, како Пеле и екипата во Мексико 1970, како Федерер на Вимблдон, како Рудиша на 800 метри и Усеин Болт на стотка, како Новогодишен концерт под Лорин Мазел, како февруарски поход во октомври...

Го видовме највелелепното издание на граѓанството за кое мислевме дека е мртво. Но, не како хир или како некаков дневен изблик на чувства, реакции и проекции, туку како резултат на долгото и бавно и мачно зреење, исполнето со неверојатни жртви и трпенија, на скришното, а понекаде и јавно негуваните надежи, на преземените ризици, на храброста...

Ние вчера ја видовме Вит во најдоброто издание, но само таа и нејзиниот газ знаат колку пати го избришале мразот, само Сергеј знае колку стапови скршил Бубка, само мајка му на Џордан знае колку патики искинал син и' пред да отиде по своите милиони кај "булсите".
Јас, кој милион пати и тоа многу жестоко, сум го критикувал тоа граѓанство, му се поклонувам во најубавото утро во последните тринаесет години, до земја му се поклонувам, меѓу другото и затоа што неговиот подвиг покажува дека мојата работа не била сосема бесмислена. Испраќам и највисоки адмирации до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој со сите слабости и проблеми, успеа политички да го артикулира и предводи овој историски пресврт. До Заев, се разбира, лидерот кој со својата енергија, храброст и визија, со неверојатниот микс од страст, ширина, острина и топлина, низ бројни жртви тешки маки, успеа да го покрене заринканиот брод на Македонија.

Не ми е работа, но не можам, а да не испратам најтопли благодарности до меѓународниот фактор, посебно до господата Прибе, Ванхојте и Фуере, до претставниците на американската администрација, господата Хојт Ји и Бејли и до многу други кои ни' помогнаа да ги симне ракавиците и убаво да го измлатиме Злото, еве ми јавуваа од Ургентниот центар дека починало.

Ете, дочекавме смрт на еден пациент по кој нема да викаме "слава му", туку "фала богу."

 

Автор: Бранко Тричковски

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.