Топ Новости >


Новинарите вечерта по затворањето на гласачките кутии во неделата известија дека во белиот дворец е само вратарот, тие и бате Геле – најголемиот фан на дон Саше. Но, горе по спратовите на кичестиот дворец сепак биле повеќемина од друшките на нивниот Луј.

Моите извори тврдат дека тој, „величенствениот“, седел сам во огромниот кабинет и не примал никого. Некаде околу 15-тина минути пред 22 часот повикал само еден од аналитичкиот центар и го прашал точно да му каже какви резултати добиваат. Добил куса, но точна информација – катастрофални се.

„Што значи катастрофални, за Скопје какви се“ наводно прашал Груевски. „Катастрофа“ добил одговор пред да добие дозвола да замине од кабинетот на вождот.
Горде и Миле се шуткале во канцеларите и грицкале нокти очекувајќи барем зрак надеж дека не е се така катастрофално.

Илија Димовски наводно се одважил да коментира за кандидатурата на Тарчуловски дека им била погубен чекор, но дека Мијалков така решил и ги убедувал дека ќе се уверат дека Хашкиот затвореник е адут за победа.

Спиро Ристовски околу 22 часот се пожалил дека го боли глава и си заминал од дворецот, а истото го сторил и Влатко Ѓорчев.
Мијалков во стилот на голем шеф дошол со двајцата синови по затварањето на кутиите, се провретеле извесно време вели нашиот извор. И со нив Груевски не бил расположен да се сретне па и тие набрзо си заминале откако најстариот сфатил дека им се случил дебакал.

Сите освен Влатко заминувале низ подрумските гаражи за да ги одбегнат медумите и камерите оти оваа ноќ не им било до сликање.

Тодоров наводно воопшто и не дошол вечерта во штабот.

Ете вака отприлика војводите кои цела деценија се кочопереа и правеа се што ке им прдне на памет забегани во моќта што им ја даде нивниот наредбодавец кому тие верно му коленичеа. Вака некако било во најстрашната за нив ноќ во партискиот дворец. Ноќ на побегуљи и дотолчен лидер затворен сам во неговиот партиски кабинет.

П.С.

Сигурно има уште многу пикантерии од дешавките во помрачената атмосфера во шампитата. Имав дилема да не е ситење да им објавиме, но сепак после се што правеа народот чинам заслужува да подразбере како војводите доживуваат пораз кога не се во состојба да наместат победа.

 

Автор: Ацо Кабранов

Извор: Либертас.мк


Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

Спротивно на законите и одредбите си ја зголемил платата за повисок ранг

Повеќе

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

Утринава САД, Британија и Франција започнуваат со воздушни напади на Сирија

Повеќе

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Поскапуваат цигарите

Пролетно поскапување на цигарите

Повеќе

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

Владата ја доби довербата од пратениците, а подносителот на интерпелацијата немаше доволен број аргументи за да ги убеди другите пратеници да гласаат за интерпелација

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.