Топ Новости >

Безбедноста на премиерот во јавноста, превенција или гаф?

  • Сабота, Ное 11 2017


Безбедносните експерти се поделени по прашањето дали информациите за безбедноста на премиерот треба да се објавуваат јавно. Некои тврдат дека службите треба да си ја работат работата без да зборуваат за тоа во јавноста. Други, пак, сметаат дека превентивно, јавноста сепак треба да биде информирана.
По изјавите во јавноста дека премиерот Зоран Заев веќе две години е под постојани закани за атентат, експертите со спротиставени мислења за тоа дали вакви сознанија треба да се кажуваат јавно. Љубомир Ѓурчески, безбедносен експерт и поранешен началник во МВР, вели дека овој вид безбедносни информации треба да бидат затворени за јавноста и да останат внатре во рамките на безбедносните служби.

„Такви безбедносни информации не се даваат во јавност. Тие треба да останат строго затворени внатре во службите за безбедност. Шестата управа во МВР веднаш треба да изготви нови планови, да го зголеми обезбедувањето и да ги следи сите можни ризици. Вакви сознанија предизвикуваат револт и страв кај граѓаните и затоа не се даваат во јавност“, смета Ѓурчески.

За разлика од него, професор Никола Дујовски од Факултетот за безбедност смета дека јавноста треба да биде информирана и дека тоа се прави превентивно.

„Обраќањето на министерот за внатрешни работи повеќе го сфаќам како превентивно, да знаат сите во земјава коишто макар и несериозно имаат вакви намери, дека МВР следи и ќе преземе навремени мерки да се превенира, спречи или одбие ваков напад врз премиерот или која било друга личност која се обезбедува во Република Македонија“, изјави Дујовски.

Ѓурчески не е изненаден од информациите за постојани безбедносни закани по премиерот, зашто како што посочува, во секоја држава први на удар се луѓето кои раководат со државата. Тоа што одговорните се одлучиле овие информации да ги соопштат во јавноста, според него, најверојатно е резултат на потребата да се оправда изјавата на премиерот Заев во интервју за црногорското радио Антена-М во која вели дека безбедносните аналитичари го предупредиле на ризик од атентат.

„Тие како служби сега мора да ја испеглаат таа изјава на Заев, за да не излезе дека е политички гаф. Од друга страна, пак, безбедносните служби со цел да си го подобрат својот авторитет и своето влијание и моќ во државата, понекогаш претеруваат со ваквите безбедносни информации со цел лидерите да ги стават во едно стаклено ѕвоно и да ги држат под постојан страв, за да остваруваат одредени бенефиции“, вели Ѓурчески и додава дека една ваква информација генерално создава одредена доза на страв и несигурност кај луѓето, особен ако се земе предвид и фактот што ние сме држава во којашто веќе имавме обид за атентат и пад на авион на претседател.

Инаку, пред два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека заканите по премиерот се од 2015 година и дека во периодот пред да биде избран за премиер, Заев побарал и обезбедување. Тој сепак нагласи дека полицијата успешно се справува со заштитата на Заев.

Автор: Марија Тумановска
Извор: Слободна Европа

 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.