Топ Новости >

А бе да не постоеше, ќе мораше да го измислиме! Никој на светот нема претседател кој толку добро ја познава античката историја, посебно од аспект на потеклото на имињата.

Се сеќавате ли на онаа епизода, кога Иванов, тогаш сè уште во својство на надарен професор, на група пријатели им го објаснувал значењето на зборот Пакистан? Оваа држава името го добила кога по една тешка битка, Александар Македонски ги тешел своите војници, велејќи им: „Пак ти стани, пак ти стани“. И оп, ете го името Пакистан! Во таа пригода еден од пријателите го запрашал Иванов да го објасни потеклото на името Курдистан.

Нејсе, тоа е стара приказна. Сега имаме нова. За време на отворањето на новата македонска амбасада во Бразилија, претседателот Иванов добил напад на инспирација (фактор Боцевски) и на индискиот амбасадор во Бразил му објаснил дека зборот Македонија потекнува од Индија. Била наречена „Маа Ки Дунија“ (Maa Ki Duniya), а потоа Римјаните ја нарекле Македонија.

Индискиот амбасадор бил шокиран и толку пријатно изненаден, што веста ја споделил на Твитер и така сега целиот свет знае за откритието на нашиот генијален Ѓорге Иванов. Инаку, откритието има и историско и многу сериозно политичко значење, бидејќи досега верувавме дека зборот Македонија има врска со Александар Македонски, а сега сфаќаме дека зборот го оформиле Римјаните.

Чекај сега, тука нешто не ми е јасно... Александар не бил Македонски? Оти, Римјаните, нели, доаѓаат после античките Македонци и Грци. Уф, па ова е генијален изум! Ако оваа наша Македонија е римска, а не античка, тогаш ние немаме никаков проблем со Грците. Имаме малку проблем са собом, ама тоа е друго прашање.

Затоа, не чекајте, веднаш јавујте се кај Нимиц, кај Могерини, кај Хан, кај Коѕијас, кај кого ќе ви текне и давајте нов предлог за името – Република Маакидунија! И право да ви кажам, на прво слушање, ако се подеси акцентот (Маакидунија), ова личи на валандовско-струмичка верзија на нашето уставно име. Маа разбираш?

Автор: Бранко Геровски

Извор: Плус Инфо

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

Спротивно на законите и одредбите си ја зголемил платата за повисок ранг

Повеќе

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

Утринава САД, Британија и Франција започнуваат со воздушни напади на Сирија

Повеќе

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Поскапуваат цигарите

Пролетно поскапување на цигарите

Повеќе

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

Владата ја доби довербата од пратениците, а подносителот на интерпелацијата немаше доволен број аргументи за да ги убеди другите пратеници да гласаат за интерпелација

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.