Топ Новости >

Референдумите - измислена закана за партиско калкулантство

  • Сабота, Сеп 09 2017


Пратеникот Павле Богоевски со свое видување за референдумската треска по општините, кои досега, како по директива носат исти одлуки - референдумот против бегалците да се одржи на денот на изборите 15 октомври. Еве го ставот на пратеникот Богоевки:

„дпмне ќе потроши стотици илјади Евра, ќе го прекрши законот и ќе го узурпира изборниот процес за буквално 5 бегалци.

До овој момент, Советниците на дпмне имаат изгласано одржување на локални референдуми во Гевгелија, Битола, Кочани, Карпош, Штип, Гази Баба, Кавадарци и Прилеп.

Датумот на референдумите е ист со тој на локалните избори, 15ти Октомври. Темата кај сите е иста - дали општината треба да дозволи изградба на бегалски кампови на својата територија?

дпмне тврди дека единствена причина за избраниот датум е да се избегнат дополнителни трошоци.

Се разбира и тоа, како и се' останато поврзано со овие референдуми е лага. Трошоците за локалниот референдум се на товар на општината. Референдумот е различен процес од изборниот, бара засебни одбори и организација. Поради тоа, трошоците нема да се намалат за ниту еден денар доколку референдумот се спои со локалните избори.

Настрана фактот што референдумот може да чини до 50,000€ по општина и што е противзаконски општините да носат одлуки за трошење на буџетски сретства во предизборниот период.

Повторно дпмне се обидува да креира реален проблем од измислена закана. После 11 години, груевски остави држава, каде дури ниту бегалците не сакаат да останат. Доказ за тоа е дека од повеќе од милион бегалци кои ги поминаа нашите граници, само пет лица добија признаен статус на бегалец во РМ, а уште единаесет добија супсидијарна заштита.

Не е предвидена изградба на бегалски кампови, ниту е планиран буџет за тоа. Винојуг и Табановце се прифатни центри (а не бегалски кампови), чија функција е само да го администрираат и менаџираат транзитот на бегалците низ Макдонија. Во овој момент, во двата кампа има вкупно 46 лица. Оваа цифра е далеку под сместувачките капацитети на камповите и е дел од подолг тренд на намалуваље на бројот на бегалци и мигранти кои транзитираат низ Македонија.

Најголемиот проблем во целава приказна се омразата и ксенофобијата кои резултираат од нивните дрски лаги и ефтино партиско калкулантство. Тие се отров за секое општество, плодна почва за трајни последици по општествениот менталитет.

Богоевски најави дека „за прв пат по многу долго време, можеби за првпат по нашето осамостојување, ние го дочекавме Денот на независноста во слободна Македонија.

Во таа Македонија не смее да има простор за дилетантско ширење на омраза во партиски цели. На нас останува да се осигураме дека на крајот од денот, секогаш ќе преовладаат вистината и човечноста“.

 

Извор: Фејсбук статус на пратеникот од граѓанскиот сектор Павле Богоевски (малите букви за дпмне се негов избор на пишување)

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.