Топ Новости >


Реакција на граѓанскиот активист и експерт за човекови права, Жарко Трајановски за митот на странските инвестиции во Македонија кој станал алатка за перење пари и корупција во високите кругови на власта на ДПМНЕ.
На својот Фејсбук профил тој напиша:

Владата на Грујокио буквално обезбедувала плати за вработените во "странските инвестиции" со буџетски пари, ако е точно дека во просек по 11.000 евра се давале за едно работно место.

"Странските инвеститори" ем експлоатирале, ем влечеле профит ослободени од даноци, ем добивале огромни субвенции. Тука смрди на невидено мито и корупција.
Притоа, владата поарчила стотина милиони евра на "промоција" и "привлекување" (шетање ширум светот).

Ова ќе испадне дека е најголемата кражба на наши пари по "Скопје 2014".
Со наши пари ем ги плаќале вработените, ем се шетале по светот, ем се фалеле дека сме 4-та економија во Европа, ем им овозможиле огромен профит на експлоататорите од кои најверојатно добивале и мито.
И сето тоа го прогласиле за "top secret", за никој да не знае.
И никогаш немаше да ги дознаеме деталите од овие мафијашки зделки ако не ги сменевме од власт.

Затоа, не е доволно само да се обелоденат штетните договори.
Потребно е веднаш да се поведат кривични постапки против мафијашите кои склучувале штетни договори во наше име со кои го оштетиле буџетот за стотици милиони евра!

Мафија на робија, а украдените пари да се вратат кај граѓаните!

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.