Топ Новости >

Транспарентност и одговорност за анексите

  • Понеделник, Јан 15 2018


Советникот Тихомир Ручкоманов бара јавен одговор од новиот градоначалник на општина Гевгелија за трошењето на јавните пари и одлевањето на буџетски средства со надмашувањето на анексите наспроти бројот на тендерите, од страна на поранешниот градоначалник.

Претседателот на Општинската организација на ЛДП од Гевгелија и актуелен член на Советот на општина Гевгелија во коалицијата што ја предводи СДСМ, Тихомир Ручкоманов, на својот Фејсбук профил повикува на јавен третман на анексите кои ги потпишал поранешниот градоначалник Иван Франгов, за време на извршувањето на својата функција и истрага за ваквиот начин на трошењето на јавните средства на граѓаните.

„Еден сограѓанин денес согласно емисијата на Ефтов, ме потсети на мој пост од јули 2016 година и ме праша - Зошто само во Гевгелија нема истрага? Еве, го реобјавувам мојот пост и го охрабрувам Градоначалникот Поцков во најскоро време да ја извести јавноста за кои договори се однесуваат анексите и за која вредност“, напиша Ручкоманов на својот ФБ профил.

 

 

Анализите велат деак општина Гевгелија има склучено 19 анекси на договори во 2013 , 2014 , 2015 година, и со тоа се квалификува на петтото место од јавните институции во Македонија.
Општина Гевгелија со анексите ја надминала и општина Битола, па дури и Министерството за култура, чија поранешна министерка е на обвинителна клупа за местење тендери во корист на конкретна фирма.

Каква тајна кријат анексите и какви суми се одлеале надвор од договорите склучени со тендерски услови на избор?

 

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.