Топ Новости >


Кога еден фудбалски тим е подолго време на дното на табелата и ги губи сите утакмици (како што и се случуваше на Македонија во изминатите 11 години), нормално е да се сменат и селекторот и тренерот и секако да се направат коренити измени во тимот.

Организациите/институциите вредат толку колку што вредат луѓето во нив (ни помалку ни повеќе). Институции кои со години не функционирале или функционирале на штета на граѓаните нема да почнат да функционираат поинаку доколку на клучните позиции не бидат направени промени.

Мора да се промени целокупниот раководен кадар во државната администрација и во сите институции од јавен интерес. Не се работи за партиска чистка или за освета, туку за елементарна логика. Македонија назадувала 11 години (според сите надворешни процени и внатрешни евалуации). Ова назадување мора да запре, пред воопшто да размислуваме за тргнување напред.

Јас не очекувам дека сите решенија кои ќе ги понуди актуелната власт ќе бидат добри (според мое или мислење на јавноста) и дека ќе бидат поставени најсоодветните кадри. Меѓутоа очекувам, кецарошите од власта да бидат што е можно побргу заменети барем со оние кои имаат доволен 2, па и по некој со добар 3.

И она што навистина треба да се направи, е постепено градење на систем од правила, процедури и критериуми кои во иднина ќе овозможат на раководните позиции да дојдат луѓето со многу добар 4 и одличен 5 (не заради тоа што се мили, или убави, или знаат да прават добри гезмиња или пак заради тоа што толку убаво им кажуваат на надредените дека се најпаметни на светот, туку заради тоа што се стручни, затоа што знаат и умеат), а во подолните ешалони на институционалната хиерархија да бидат сместени сите останати (кои впрочем можат да бидат добри извршители и тимски работници под добро раководство).

Не е доволна замена. Мора да се направи промена (суштинска) за да може кулисите на демократијата и владеењето на правото да ги замениме со зграда на демократијата и владеењето на правото.

Навистина би сакала да ги видам деталните биографии на новопоставените директори на: КПД Идризово, Завод за ревизија, Републички совет за безбедност, Државен пазарен инспекторат, Државно правобранителство на Р.М., Биро за судски вештачења, Градска библиотека Скопје (НУБ Климент Охридски), Агенција за енергетика, Биро за равој на образование, Државен испитен центар, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Струга, Управа за имотно-правни работи и Биро за судски вештачења.

 

Автор: Проф. д-р Мирјана Најчевска - магистер по политички науки, доктор по правни науки, Редовен професор/научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.