Топ Новости >


Потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу владите на Република Македонија и на Република Бугарија арамиското раководство на неодамнешната власт и неговите слуги го проследија со „пукање“ од сите можни пешадиски и артилериски орудија. Жестокиот „оган“ уште не престанува. Секој чесен човек ќе се зачуди од фактот што најсилните пукотници доаѓаат од некои војводи кои своевремено се изјасниле како чистокрвни Б’лгари. „Злите јазици“ зборуваат дека добар дел од ревносните ВМРО-овчиња се потомци на соработниците на бугарскиот фашистички окупатор. Многу од нив ти имале и бугарско државјанство. Како баш тие да се против договорот за добрососедство со Бугарија, ќе се запраша човекот. Но, тука нема ништо за чудење. Арамиите за Македонија и за добрососедството со Бугарија се загрижени колку за ланскиот снег. Тие единствено се загрижени за изгубената власт која вешто ја користеа за ограбување на нас граѓаните со помош на механизмите на државата и копнеат за да си ја вратат. Затоа „пукаат“ со сите можни орудија на лаги и манипулации против Договорот, сакајќи со тоа да ги оцрнат актуелната власт и нејзиниот лидер како предавници на македонските национални интереси.

Еве што вели правото за Договорот. Да почнеме од Уставот на Република Македонија. Една од целите на Уставниот поредок на Републиката, според Преамбулата, е изградба на мир и соживот. Мир во земјата не може да се гради ако и маме лоши односи со соседите. „Мир во земјата – мир во светот“ рекол генијалниот творец на Република Турција Мустафа Кемал – Ататурк.
Една од целите на Уставниот поредок на Република Македонија е почитување на општоприфатените норми на меѓународното право. Повелбата на ООН во Преамбулата, покрај другото повикува: „Да бидеме трпеливи и заедно да живееме во мир едни со други, како добри соседи.“
Најмногу „пукање“ има на одредбата на членот 11, точка 5 од Договорот со која е договорено дека: “Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица кои не се државјани на Република Македонија.“ Оваа одредба навидум делува вознемирувачки ако се има во вид одредбата на членот 49, став 1 од Уставот на Републката со кој е пропишано дека таа се грижи за положбата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.“ Но „пукачите“ изгледа не го читаат Амандманот II со кој е дополнет првиот став на овој член на Уставот кој гласи:„Републиката при тоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.“ Каде е тука повредата на Уставот, господа „патриоти.“

Сега, пак да се вратиме на меѓународното право, а преку него и на Договорот. Универзалната декларација за човекови права им ги гарантира на граѓаните на светот, па и на граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија универзалните човекови права кои се инкорпорирани во нивните Устави. Во таа Декларација постои одредба (член 28) според која секој има право на општествен и меѓународен поредок, во кои правата и слободите наведени во неа можат да бидат целосно реализирани. Тоа значи дека секој Македонец, каде и да е во светот, има право да ги ужива правата и слободите пропишани со Декларацијата и инкорпорирани во Уставот на Републиката. Европската конвенција за човекови права на скоро идентичен начин ги пропишува човековите права за граѓаните на Европа. Ајде сега да одиме на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Тој содржи одредба (член 26) според која сите лица се еднакви пред законот и имаат право без никаква дискриминација на подеднаква заштита пред него, покрај другото и без оглед на националното потекло. Пактот, во членот 27, содржи уште една одредба според која во државите, каде што постојат етнички, верски или јазични малцинства, лицата кои им припаѓаат на тие малцинства не можат да бидат лишени од правото да имаат, заедно со другите членови на својата група, свој посебен културен живот, да ја манифестираат и да ја исповедуваат својата сопствена вера или да се служат со својот јазик.

Да се вратиме на Договорот. Во членот 1 договорните страни (Република Македонија и Република Бугарија) се договараат дека ќе развиваат сестрани односи помеѓу себе во согласност со основните принципи на меѓународното право и добрососедството. Во членот 2, точка 1 од Договорот тие се договараат дека ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми. Потоа, во точка 2 од истиот член двете договорни страни се обврзуваат дека ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатланската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзин пристапување ко Европската унија и НАТО ..... и т.н.
Овие договорни одредби господа „патриоти“ значат дека договорните страни се согласиле да ги почитуваат одредбите на Универзалната декларација за човекови права, на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и на Европската конвенција за човекови права. Ако така се договориле, значи дека и ќе ги применуваат. Каде тогаш господа „патриоти“ и „пукачи“гледате загрозување на човековите права на Македонците во Република Бугарија и непочитување на Уставот на Република Македонија во однос на заштитата на нивните права?

Понатаму господа „патриоти“ не ви се свидува одредбата на членот 8, точка 3, од Договорот со која договорните страни се договориле дека ќе организираат, со заемна согласност, заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности. Па, господа ние со соседите Бугари (како и со другите соседи) имаме многу заедничко во историјата, почнувајќи од Самоил кој се прогласил за бугарски цар, голем број од нашите илинденски револуционери и војводи се школувале и се подготвувале за револуционерна и ослободителна дејност во Бугарија; многу од нив се изјаснувале како Бугари, многу наши предци, некои „милом“, некои „силом“, служеле во бугарската војска; соработувале со бугарските власти. Денес, некои од вас се изјаснуваат како чистокрвни Б’лгари. Со вашата „успешна“ економска и социjална политика натеравте околу 100 000 Македонци, да побараат и добијат бугарско државјанство за да можат со бугарски „паспорт“ да заминат „со стомакот по лебот“ во земјите на Европската унија. При толку заедничко со нашите соседи Бугари, господа, што е подобро: да живееме како добри соседи и пријатели, онака како што бара Повелбата на ООН, или да се тепаме меѓу себе? Господа „патриоти“, времињата на делби, тепачки и војни во Европа поминаа. Европа се обединува. И светот се обединува (глобализира). Бројните, стопански, сообраќајни, културни, комуникациски врски, интернетот и т.н. и т. н. ги бришат разликите и ги зближуваат граѓаните на светот. Сега имаме Европска унија. Еден ден ќе имаме светска, Планетарна унија.
Најпосле, господа му замерувате на Договорот за тоа што, наводно, нигде во него не се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот народ. Па, господа, Договорот е напишан и потпишан на македонски и бугарски јазик како официјални јазици на договорните страни. Така стои во одредбата на членот 14, став 2. од Договорот. Со тоа фактички се признава македонскиот јазик. Македонскиот јазик го зборуваат луѓе - Македонци, а не марсовци. Тоа значи дека постојат и Македонци, македонски народ, македонска нација, како секате кажете.
Господа „патриоти“, после сето ова каде го гледате предавството на македонските национални интереси од страна на премиерот Заев и новата власт?

Да заклучиме господа. Премиерот Заев и неговата влада, со потпишувањето на Договорот за добрососедство со Република Бугарија направија историски исчекор на патот кон Европа и НАТО. Одејќи по тој пат еден ден Македонија ќе стане членка на Европската унија. Кога сите балкански држави ќе станат членки на Европската Унија, Македонија ќе се обедини како географски простор. Македонецот – граѓанин на Република Македонија, слободно, без гранични формалности и други пречки, ќе може да оди во Благоевград, на Пирин, во Солун, Воден, Подградец, Корча, на Св. Прохор Пчињски и т.н. Без значење е тоа што тој простор ќе биде под администрација на неколку држави. Тој со зачленувањето балканските држави во Унијата географски ќе биде обединет. Тогаш ќе имаме голема Македонија. Ќе имаме и голема Бугарија, голема Албанија, голема Грција, голема Србија. И не само тоа. Цела Европа ќе биде македонска, албанска, бугарска, грчка, српска, француска, германска, холандска, шпанска и т.н. да не ги набројувам сите држави и народи во Европа. Тоа ќе биде Европа без граници, Европа на сите нејзини граѓани, демократска и слободна Европа.
Затоа господа „патриоти“ и „пукачи“ Договорот за доборососедство што го потпишаа премиерите Заев и Борисов е договор на иднината, а вашите „пукања“ против него се „пукања“ во празно.

Автор: Проф. д-р Темелко Ристески


Апел за помош за малиот Игор од Богданци

Итно се бара помош за четиринаесет годишниот Игор Геленчев од Богданци кај кого е констатиран тумор на мозокот и крварење

Повеќе

Зврлевски замина во историјата

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска беше разрешен во Собранието со 64 гласа „ЗА“ и ниту еден против

Повеќе

Гевгелискиот затвор со нов директор

67 новоименувани директори од Владата стапуваат од денеска на функција

Повеќе

Новиот пазар во Гевгелија поскап за цели 300 илјади евра

Прес на ОО СДСМ Гевгелија

Повеќе

Џафери денеска распиша локални избори за 15 октомври

Кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи

Повеќе

Именувани нови 47 директори на здравствените установи во државата

Д-р Митко Крџев е новиот дирекор на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, а Д-р Љуба Цилкова на Психијатриската Болница Негорци. Официјално министерството ги смени директорите на клиниките во Скопје и во

Повеќе

Апелација одлучи - Снимките за шамарите важат како доказ

Апелација ја прифати жалбата на СЈО прислушуваните материјали можат да се користат како доказ во постапката за настаните пред Општина Центар

Повеќе

Ван Хојте смета дека е избрзано одржувањето на локалните избори

„Датумот на локалните избори треба да биде само црешата на колачот која ќе се стави дури откако сите други прашања ќе бидат разрешени“ Ван Хојте

Повеќе

Нема повеќе пријавување данок на шалтер

Управа за јавни прходи започна со подготовка на проектот со кои ќе ги ослободи граѓаните од поднесување на даночни пријави

Повеќе

Се реди новиот градски пазар

На еден ден пред закажаното отварање на новиот градски пазар во Гевгелија хаотична ангажираност на 20-тина градежни работници

Повеќе

 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.