Топ Новости >

Интервју со Ташко Дојчинов - Носител на кандидатската листа за советници на СДСМ со коалиционите партнери

  • Вторник, Окт 10 2017


Прв меѓу еднаквите е вообичаена одредница за носителот на кандидатската листа за членови во Советот на општината чие место е безмалку гарантирано со изведбата на изборниот процес како кандидат на носечка политичка партија со своите 22 коалициони партнери. Првата позиција на листата ја носи и најавата дека победникот на изборите ќе седне на претседавачкото столче на највисокиот орган на локалната самоуправа во општината, а тоа е Советот на општина Гевгелија составен од 19 советнички места. За амбициите, за политичкиот предизвик, за одговорноста која ја превзема пред себе и пред граѓаните и гласачите, отворено разговараме со Ташко Дојчинов, дипломиран правник и носител на листата на кандидати за советници од редовите на СДСМ.


ГевгелијаНЕТ: Господине Дојчинов, Вие сте предводник на советничките јуришници кои стојат зад намерата со своите одлуки во локалниот Совет да донесат „Живот во Гевгелија за сите“. Социјалдемократската определба на партијата од која доаѓате нуди социјална правда и демократско застапување на правата на граѓаните. Ќе бидеме директни: Каква општина проектирате да биде Гевгелија со Вашата програма која нуди „Живот за сите“ и што ќе направите за да го постигнете тоа?

Т. Дојчинов: Да, јас ја имам честа да ја предводам таа листа на чесни луѓе кои имаат искрена волја да ги подобрат нештата во Гевгелија. Тоа е листа која подеднакво ги апсорбира и искуството на возраста, но и енергичноста на младоста. Со такви луѓе позади мене кои немаат ниту една дамка, убеден сум дека го имаме тимот кој победува и тимот кој ќе остварува. Посакуваме Гевгелија да биде европски, модерен и зелен град, а општината да функционира на ефикасен, но транспарентен и домаќински начин. Пред себе си ја поставивме оваа задача и убеден сум дека со доволна посветеност и домаќинско и одговорно работење ќе успееме да ја исполниме.

Фото: Листа на кандидати за советници на СДСМ и коалиционите партнери за Локалните избори во Општина Гевгелија - 2017


ГевгелијаНЕТ: За тимот што го предводите ќе се изјаснат гласачите, а за визиите кои ги имате за развој на општината потребни се иницијални споредби за Гевгелија, некогаш и сега и за Гевгелија каква што ја посакувате со остварувањето на Вашата програма, се разбира доколку ја добиете доминантната поддршка од електоратот. Ги црпите ли мотивите од Гевгелија на Вашата младост и онаа која сакате да ја имаат новите генерации наши сограѓани?

Т. Дојчинов: Од моето студиско, а подоцна и стопанско ангажирање, Гевгелија знам дека статистички важеше за една од најразвиените општини во поранешна Југославија, со најголеми приходи по глава на жител, општина во која работа немаа само оние кои не сакаа да работат, општина во која добро се заработуваше од земјоделие кое речиси секое семејство како дополнителна дејност го работеше. Тоа беше општина во која забавата за младите беше исклучително добра и постоеја неколку дискотеки во градот. Ракометот и фудбалот ги полнеа стадионите и салите, а културниот живот беше на солидно ниво. Групата „Зијан“ имаше хитови кои беа и национални.
За жал денес Гевгелија е далеку од некогашниот сјај кој го имаше. Во последниве 8 години нема ниту една инвестиција во стопанството, земјоделското производство е на најниски гранки. За спортот и да не зборуваме, да не беше приватната иницијатива во КК „Кожуф“, гевгеличани уште долго немаше да видат спортски натпревар од повисок ранг, игнорирњето на фудбалскиот клуб „Кожуф“ од досегашната, а сега само техничка локална власт го доведе клубот на работ на затварање.
Гевгелија е најтоплиот град во државата, а нема базен. Културен настан во градот речиси и да нема. Гевгелија важеше за град во кои постојано се доселуваа луѓе, а сега се претвараме во печалбарски град, се' повеќе млади се определуваат среќата да ја побараат надвор од државата. Со еден збор кажано, денес Гевгелија е град кој стагнира. Но, наша задача и цел е да ја вратиме Гевгелија на вистинскиот пат и повторно да има живот за гевгеличани.

ГевгелијаНЕТ: И што конкретно нудите? Како ќе ја подобрите состојбата во која денес се наоѓа градот и општината?

Т. Дојчинов: Нашата примарна задача ќе биде да започнеме со решавањето на најтешките проблеми. Ќе почнеме со решавање на наталожените проблеми, од областа на инфраструктурата и комуналните проблеми, но и да ја намалиме невработеноста, а со тоа Гевгелија да биде град со развиен спорт и солидна туристичка понуда.
За таа цел ќе работиме на решавање на проблемот со водата, за да има здрава вода за сите. Ќе го започнеме процесот на гасификација во општината. Ќе ја раззелениме Гевгелија, ќе ги обновиме старите дрвореди и ќе посадиме нови. На местото на стариот градски пазар, значи во самиот центар на градот, ќе направиме градски парк. Тоа ќе биде од суштинско значење како за младите така и за постарите, одмор и релаксација му се потребни секому. Нашата програма вклучува изградба на катна гаража и уредување на паркинг местата низ градот, а со реазлизација на тој проект ќе го решиме проблемот со недостатокот на паркинг и метежот во сообраќајот. Знаете не вкусно е луѓето да губат по 10-15 минути барајќи паркинг место, а ова не само што ќе придонесе за избегнување на создавање нервози и губење време туку ќе значи и помало загадување.
Во нашта програма планирано е и изгрдба на детска градинка во новиот дел на градот затоа што очигледно е дека постоечките градинки немаат капацитет.
Нашата програма не ја создадовме затворени во некоја канцеларија, туку заедно со граѓаните. Ги посетивме сите маала и сите населени места и во комуникација со граѓаните успеавме да ги издвоиме најголемите проблеми на градот и на селата, а потоа напорно работејќи дојдовме до соодветни решенија.

    

ФОТО: Од средбите со граѓаните во Гевгелија и населените места, од разговорите со нив, од споделените најави за искрен и одговорен ангажман на носителите на програмата „Живот во Гевгелија за сите“ - Ташко Дојчинов со граѓани и со министерката за Труд и социјала, Мила Царовска


ГевгелијаНЕТ: Вие не сте нов во политичкото милие, но секако сте ново лице кога станува збор за локалните избори во Општината. Зад Вас стои партиското членство и многуте приврзаници кои Ви дадоа поддршка при обраќањето на големиот предизборен митинг во Гевгелија. А, семејно, како стоите со поддршката, разбирањето и отсуството за време на предизборната кампања?

Т. Дојчинов: Тука се мојата сопруга Михаела со која сум во брак 11 години и мојата 10 годишна ќерка Бисера. Секојдневните партиски обврски како секретар на Општинската организација на СДСМ Гевгелија налагаше од мене една сериозна работна рутина и одговорност, за која што моето семејство најде разбирање. Интензивните предизборни активности дополнително го ограничуваат времето за семејна посветеност, зошто сега во преден план е средбата со граѓаните, посетата на маалата, разговорите со нив за нивните потреби, посетите на селата од гевгелиско и секаде има по некој збор на поплаки од досегашната заборавеност на локалните власти за потребите на граѓаните кои значат нивно животно секојдневие.
Како дипломиран правник сметам дека го знам патот за реално остварување на граѓанските барања и нашите заложби за подобрување на условите на животот во нивното населено место.
Кога искажувам грижа за животот на семејствата во Гевгелија и гевгелиско, сигурно дека тоа е грижа и за хармоничен и здрав однос со моето семејство, на кое им сум благодарен за поддршката и разбирањето.

 

Фото од семејниот албум: Ташко Дојчинов со сопругата Михаела и ќерката Бисера во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски кај Крива Паланка

ГевгелијаНЕТ: Кои се Вашите ЦВ генералии и неформални интереси кои Ве определуваат како човек од нашето секојдневие?

Т. Дојчинов: Роден сум на 9 февруари 1977 година во Гевгелија. Дипломирав на Правниот факултет во Скопје во 2002 година. Имам положено и правосуден испит, но адвокатурата не го одвлече моето професионално внимание. Работам во приватна фирма како правник веќе 15 години.
Во младоста, односно за време на студентските денови, се занимавав со нешто поредок спорт за овие простори, тоа е параглајдерството. Сега, со низата работни, партиски и политички активности можам да кажам дека за спорт за жал не ми останува многу време, но се обидувам да следам онолку колку што можам фудбал и тенис. Од домашните клубови навивам за ФК „Кожуф“, а омилен клуб ми е „Манчестер Јунајтед“.


ГевгелијаНЕТ: И, како човек со задоволителни работни и професионални остварувања, семејно среден и среќен, решава да се определи за политички ангажман со амбиции за позиција од чии остварувања би се носеле одлуки што е тангираат бројни граѓани? Што е тоа што ве насочи да се вклучите во политиката, дури и како кандидат на претстојните локални избори за местото член на Советот на општина Гевгелија?

Т. Дојчинов: Во политиката влегов пред повеќе години. Се сеќавам на еден состанок на Социјалдемократската младина кога некој од повозрасните ни' зборуваше за можноста да се вклучиме активно во политиката. Во прво време тоа не ме привлекуваше, но подоцна сфатив дека доколку сакам да има промени во општеството во кое живееме мораме да бидеме политички активни. Ништо не се случува со набљудување од страна.
Мора човек да ги засука ракавите и да почне да ги менува работите. И работите навистина се менуваат. Можеби не веднаш и преку ноќ, но сепак промените се единствената сигурна работа.
Јас сум роден во Гевгелија и ја сакам Гевгелија. За мене и за моето семејство нема друга алтернатива освен Гевгелија. Не планираме да се селиме одовде. И штом остануваме овде имаме две опции: или ќе бидеме неми набљудувчи на општествените процеси, или активно ќе се вклучиме во менување на состојбите. Очигледно, се определивме за второто.


ГевгелијаНЕТ: Некои аналитичари, а и поголемиот дел од граѓаните по објавата на т.н. „бомби“ на минатогодишната опозиција сметаат дека привлечната моќ на политиката доаѓа поради моќта и привилегиите што ги носи функцијата политичар. Како мислите да го надминете тој предизвик? Или, конкретно, во што ќе бидете поразлични од досегашната локална власт?

Т. Дојчинов: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е сериозна политичка партија во која зборот е збор. Досегашната работа на новата Влада најдобро го илустрира новиот пристап кон политиката кој ние го градиме. Ќе работиме чесно, отворено, транспарентно. Ние ќе бидеме во редовна комуникација со граѓаните и сите наши одлуки да бидат во согласност со нивната волја и во нивен интерес.
До сега власта и на централно и на локално ниво се практицираше на диктаторски начин, со нечесни методи и без да се води сметка за општото добро. Ние, како што овие неколку месеци од 1 јуни наваму покажуваат, сме во многу работи различни. Не се сомневам дека граѓаните и на локално ниво во општина Гевгелија многу бргу ќе ја почувствуваат смената на власта и ќе го почувствуваат живот.

ФОТО: Од средбата со граѓаните на село Давидово, гевгелиско и презентацијата на изборната програма на СДСМ и коалиционите партнери „Живот за сите во Гевгелија“, „Живот за сите во Македонија“ која не ги заборава ниту граѓаните од помалите населени места - Ташко Дојчинов, заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашо Поцков и кандидатот за советник од коалициониот партнер ЛДП, Тихомир Ручкоманов 

 

 


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.