Топ Новости >


Да се прашуваше Груевски, тој својата политичка кариера веројатно ја проектираше како онаа на Роберт Мугабе: партијата да ја претвори во движење, земјата да ја стави под комплетна политичка и економска контрола на таквото движење, на чело со него, а самиот на таквата позиција да доживее деведесет (и три) години (како Мугабе), пркосејќи на „странскиот фактор“ и апсејќи и тероризирајќи домашни „предавници“ до последен свој, а и нивен здив.

Да сме во Африка, можеби тоа на Грујо и ќе му појдеше од рака. Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година. Обајцата, конечно напуштени и од својата партија, оперетски ја завршуваат својата политичка кариера. 

Не знам за братучедите на Мугабе, но братучед му на Грујо за последниве десетина години накрцкал такво богатство, што и само малиот дел од неговото набројување во последниот број на неделникот „Фокус“ зема десетина страници. Тоа е таа патриотска варијанта на голема љубов кон татковината, изброена во толку милиони евра колку што е неколкугодишниот дефицит на државниот буџет. 

Нормално дека во оваа евро-африканска држава нема кој да го праша од каде му пари да стане сопственик на половина држава? Бидејќи, нели, и пред да влезе во политика, „он бил успешен бизнисмен“… 

А од нас се очекува да расправаме за МПЦ, за односите со соседите, за компромисите за прием во НАТО и ЕУ, за интервјуто на Вице Заев, за Казандол, за заштитата на градежните работници и за платите во АРМ, за есенското загадување на воздухот и за посетата на диско клуб на Фатиме Фетаи. И ако може за врат да се фатиме за некои од овие теми, докажувајќи кај кого се посилни аргументите. 

А тој, лабаво – додека ДПМНЕ е паднато на под 40 пратеници во Собрание – се пазари со СЈО да го признае делото за кое е лесно обвинет. И да го заборавиме за век и веков. Набрзо потоа и ќе си замине на многу поубаво место од ова, каде нема ни да го стигнат клетвите на овдешниве очајници. 

Да не ве лаже никој: криминалот во оваа европска држава сѐ уште африкански се исплатува.

 

Автор: Сашо Ордановски

 

Извор: ЦИВИЛ

 

 


Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.