Топ Новости >

Хушкачот на слобода, нахушканите во притвор

  • Среда, Ное 29 2017

 


 

Злосторничкото здружение „Титаник“ на чело со „пастирот“ сакаше по секоја цена да ја избегне, или барем да ја одложи, одговорноста за изборниот и друг криминал.

„Големиот братучед“ сакаше по секоја цена да ја избегне, или барем да ја одложи, одговорноста за масовното нелегално прислушкување на илјадници луѓе и другите криминални дејанија.
По изборите на 11 декември 2016, на кои освоија 51 пратеник и никој не сакаше да коалицира со нив, беше јасно дека МВРО-ДПМНЕ не може да формира влада.

И покрај тоа, злосторничкото здружение „Титаник“ на чело со „пастирот“ продолжи да ја држи во заложништво цела Македонија, продолжи да ја силува демократијата спречувајќи го со сите сили новото парламентарно мнозинство да избере претседател на Собранието и нова влада.

Дел од злосторничкиот план за блокирање на заробената држава беше т.н. движење за „Заедничка Македонија“ за кое и врапците на покривите знаеја дека е иницирано, координирано и финансирано од страна на МВРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме, лидерите на ова движење редовно свраќаа во канцеларијата на претседателот на државата праќајќи му пораки дека не треба да ја извршува својата уставна должност да му го врачи мандатот за формирање на влада на претставникот на новото парламентарно мнозинство.

Со помош на движењето за „Заедничка Македонија“ злосторничкото здружение „Титаник“ на чело со „пастирот“ сакаше по секоја цена да ја одбегне судбината најавена во протестните слогани на Шарената револуција „Шутка не ти бега Никола“ и „Мафија на робија“.
Да потсетиме, Шарената револуција се крена во 2016 година откако злосторничкото здружение „Титаник“ со помош на „Фикусот“ и киднапираниот Уставен суд спроведуваше план за општа амнестија на мафијашите од МВРО-ДПМНЕ.

Откако не им успеа планот за амнестија и планот да ги прелажат граѓаните со големите лаги за федерализација и кантонизација, „пастирот“ и големиот братучед започнаа со нова хејтерска кампања надевајќи се дека ќе предизвикаат меѓуетнички и граѓански конфликт за да ги прикријат криминалните траги.

Движењето за „Заедничка Македонија“ беше дел од таа хејтерска кампања. На маршовите на ова движење се пееја хејтерски песни против Албанците. Истите хејтерски песни се пееја и кога „патриотите“ под злосторничка команда насилно упаднаа во собранието откако на пратениците на МВРО-ДПМНЕ не им успеа планот да го спречат изборот на нов претседател на собранието.

Можноста за насилен упад во собранието не беше никаква тајна. За насилниот упад во собранието се зборуваше со недели. Насилниот упад беше остварување на директната закана на „пастирот“ и „големиот братучед“, која преку движењето за „зедничка Македонија“ беше испраќана кон лидерот на СДСМ и новото парламентарно мнозинство.
И покрај можноста за терористички упад, собранието остана небрането на 27 април 2017. МВРО-ДПМНЕ ги отвори вратите за криминалците и насилниците кои сакаа да линчуваат пратеници од парламентарното мнозинство затоа што гласале за избор на нов претседател на собрание.

„Пастирот“ и „големиот братучед“ делумно успеаја во своите намери. Успеаја да нахушкаат стотици нивни поддржувачи да направат потежок криминал од тој за кој самите беа осомничени или обвинети.
На „пастирот“ му успеа планот да нахушка стотици луѓе да извршат терористички напад врз собранието и пратениците. Откако ги нахушка да ја нападнат државата со големата лага дека државата била нападната и дека морало тие да ја бранат ги пушти како мувлосан грав низ канализација. Истата вечер откако на МВРО-ДПМНЕ не му успеа планот за елиминирање на новото парламентарно мнозинство (со ликвидација на двајца пратеници) „пастирот“ го осуди насилството „кое поедници го направија, напаѓајки и лично повредувајќи поголем број пратеници“.

„Пастирот“ ги повика институциите „да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците, да обезбедат докази, а веднаш потоа да ги изведат пред суд оние кои им нанесоа повреди на пратениците, на граѓаните и на полицајците“. И ете ги конечно сега изведени пред суд, а „пастирот“ повторно глуми заштитник на тепачите на пратеници кои прво ги нахушка, за потоа веднаш јавно да ги осуди како криминалци.

Тоа е накусо приказната за „пастирот“ на злосторничкот здружение „Титаник“ и наивното нахушкано стадо од „горди послушници“ кои извршија и овозможија терористички напад во собранието.
Хушкачите и нарачателите се сеуште на слобода, а дел од извршителите на терористичкиот напад врз државата и пратениците се во притвор.

На повеќето од нив им е кристално јасно кој ги нахушка, кој ги намести, кој ги пушти низ вода и кој сега глуми нивни спасител.

Прашање на денот е: Дали притворените за терористичко загрозување на уставниот поредок ќе продолжат да ги штитат сопствените џелати или конечно ќе направат еден патриотски чин и ќе станат соработници на правдата?


 

Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.