Топ Новости >

Власта е обврска, а не услов за богатење

  • Среда, Дек 06 2017


Пробав да се воздржам од коментар, пошто, нели, сега од оваа позиција не треба да коментирам, туку да преземам мерки, ама не се издржува...
Значи, патни трошоци од илјадници евра месечно, летање со бизнис класа, исплаќање на бонуси на функционери од неколку плати, све се тоа еклатантни примери на неодговорно трошење на народните пари. Џабе се мачиме ние да скратиме непродуктивни трошоци во буџетот, џабе се трудиме да пласираме слика дека одговорно се однесуваме со парите на граѓаните, кога ќе се појави нешто вакво и све ќе ти сруши. И таман ќе се смири бурата и ќе си помислиш дека лекцијата е научена, ете ти одма друг таков случај.
И не помагаат тука никакви правдања од типот - све е по уставот и законите, зашто уставот и законите треба да им обезбедат храна, облека и дом на стотиците илјади сиромашни во оваа држава, а не дебели заработки на државните функционери.
Ок, јасно е дека со години беше наметнувана култура на владеење, однесување и размислување, според која власта служи само за лично богатење. Ок, јасно е дека ова не може да се смени преку ноќ. Ама па тоа не значи дека не треба ни да пробаме да ги смениме работите.
Да се опаметиме, другари, пошто вака почнува да наликува на онаа "све је исто, само њега нема".

Автор: Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии при Владата на РМ
Извор: Фејсбук статус

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.