Топ Новости >

Најчевска: Ни треба период на поригидно владеење на правото

  • Четврток, Јан 04 2018


„Има моменти кога секоја држава доаѓа на крстосница и тоа се случува периодично. Мислам дека Македонија во моментов се наоѓа токму на една таква крстосница. Може да тргне било по еден, било по друг пат. На нас е да видиме во која насока ќе успееме да ја избуткаме државата“, вели Мирјана Најчевска, професорка и експертка по човекови права во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

„Најлесно е да се продолжи по патот по којшто досега се одеше, а тоа е политичко решавање, политичко договарање, целосна правна нефункционалност на државата и правна несигурност. Или патот на владеење на правото, градење на една демократска држава во којашто граѓаните ќе сакаат да живеат и ќе им биде удобно да живеат. Она што јас мислам дека треба да се направи е да влеземе во период на малку поригидно владеење на правото. Луѓето се уморни. Уморни се од политички промени, уморни се од политички решенија, уморни се од политички договарања и политички влијанија. Можеби еден период на еден вид на стабилност во којшто ќе се знаат правилата и процедурите на игра во којшто луѓето ќе може да се ориентираат од денес, не за еден, не за два дена, туку за десетици години нанапред. Период во којшто ќе се знае дека законите важат не еден месец, не два месеца, туку важат со години нанапред и во којшто ќе се знае дека доколку за некого важат одредени правила, истите правила важат и за сите други. Значи тоа се моите препораки, како да се постигне тоа е веќе една друга работа. За тоа е потребна неверојатно голема свест и неверојатно голема политичка волја за којашто не сум сигурна дека во моментов ја имаме“, вели Најчевска.


 


Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. Ова е втора изјава објавена во серијалот. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Извор: Цивил

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.