Топ Новости >

МВР уапси 24 лица за незаконско делење земјоделски сунвенции

  • Четврток, Окт 05 2017


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска извести дека во акција со МВР се уапсени 24 лица. Тие се осомничени за кривични дела против службената должност и овластувања. Акцијата е извршена во Скопје, Тетово, Гевгелија и Валандово.

Во известувањето од ОЈО се вели:

„Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 24 лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик. Со своето незаконско работење нанеле штета на Буџетот на Република Македонија во износ од околу 220.000 евра. Меѓу осомничените се 15 службени лица вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подрачните единици на ова министерство, а останатите осомничени се физички лица и одговорни лица во правни лица во приватна сопственост.

Основаното сомнение е дека во периодот од 2011 година до 2016 година осомничените службени лица ја искористиле својата службена положба или овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања при склучување и раскинување на Договори за закуп на земјоделско земјиште. При преземањето на незаконитите дејствија биле помогнати од останатите осомничени лица. Во исто време, одобрувале исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството – субвенции, на кој начин прибавиле корист за повеќе правни и физички лица на штета на Буџетот на Република Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе предлог за определување на мерка притвор против седум осомничени лица.

На Веб страната на МВР се дадени иницијалите на сите приведени. Меѓу нив  5-мина од Гевгелија, 3-ца од Валандово, едно лице од Богданци и управители на правно лице од Гевгелија:

М.В. (37) од Гевгелија, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија,
П.К. (63) од Гевгелија, виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на Министерството во во П.Е Гевгелија,
Ј.С. (42) од Гевгелија, референт за административни работи во ПЕ Гевгелија,
С.П. (53) од Гевгелија, виш соработник за собирање,класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на МЗШВ во ПЕ Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 од КЗ на РМ

Г.М. (33) од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово,
Е.Т. (29) од Валандово, волонтер со Договор во МЗШВ -ПЕ Валандово,
М.Д. (51) од Валандово, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Валандово

Кривично пријавени се и лицата Е.О. (39) од Богданци;
Управител на правното лице Агро Проџек Рамака Дооел Гевгелија, М.В. (24) од Скопје, Т.В. (51) од Скопје, Г.С. (39) од Скопје и К. О. (66) од Богданци - сите поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 вв член 24 од КЗ на РМ.

 

 


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.