Топ Новости >

Сонце од Вергина го „грее“ директорскиот кабинет на Скопски Водовод

  • Вторник, Ное 21 2017


Гевгеличанецот Александар Атанасов си нарачал тепих со сонцето на Вергина и слики од гевгелискиот уметник Драги Хаџиниколов за својот директорски кабинет во ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје.

Старото раководство на градското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ си замина и остави многу неодговорени прашања зад себе. Барокната зграда со бела фасада крие загадочни агли и предмети. Сместена на кејот од Вардар, позади Владата на Република Македонија, ротондата, како што ги нарекувале кружните објекти во античко време, изобилува со симболи, од кои дел се поставени на необични места.

Барокното здание не одговара на модерното внатрешно уредување. Во зградата на пет ката, фонтана е поставена на секој кат. Од плафонот кон подот течат млазеви вода преку тенки цевки, што остава впечаток на водена завеса. Секој кабинет е детално уреден и осмилен, но највпечатлив е директорскиот.

Сонцето со шеснаесет краци се наоѓа и на триптих, една од сликите кои ги красат ѕидовите на администрацијата. Сликите се со големи размери и се масло на платно. Само во директорскио кабинет ги има пет. На нив се насликани мотиви од традиционални етно елементи, христијанска симболика и антички претстави, како профилот на Александар Македонски.
Овие уметнички дела се набавени во постапка со преговарање без објавување на оглас. Автор е македонскиот уметник, Драги Хаџи Николов од Гевгелија, а за набавката годинава е платено околу 30.000 евра.

Новоименуваниот директор на ЈП Душко Весковски кој денеска ги отвори вратите за „Фокус“ вели дека ова е само еден дел од луксузот во зградата, наспроти тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието. Претходното раководство не штедело кога станува збор за комфор и задоволување на желбите. Од друга страна, пак, додава, во Скопје се' уште има места кои немаат водоводна мрежа, ниту пак канализација. Новото раководство на претпријатието ќе направи ревизија за да се утврди колку пари чини зградата и нејзиното опремување.

Фото „Фокус“: Директорот на ЈП „Водовод и канализација, Скопје, Душко Весковски во директорскиот кабинет опремен од неговиот претходник Александар Атанасов, кој прв влезе да директорува во новата барокна зграда на скопски водовод

Зградата на „Водовод и канализација“, инаку, почна да се гради во 2011 година. Поради забавеното темпо во изградбата, финализацијата беше пролонгирана за две години, а двојно се зголемија и трошоците. Според некои пресметки инвестицијата чини околу 21 милион евра, од кои седум милиони евра се кредит што претпријатието ќе го исплаќа во следните години.

Очигледно дека некогашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, Александар Атанасов, не се секирал за трошоците и задолжувањето на претпријатието, иако ги убедуваше граѓаните да пијат од скопската вода бидејќи била богата со натриум и препорачлива за диета, ама не штедел на уметнички слики од својот партиски член, сограѓанинот Драги Хаџиниколов, кој додека Атанасов беше претседател на партијата во Гевгелија успеа да му ја обезбеди функцијата Претседател на Советот на општината.

 

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.