Топ Новости >

Привремена забрана за дејност на два угостителски објекти во Гевгелија

  • Понеделник, Ное 27 2017

 


 

Викенд контролите на МВР во соработка со УЈП, Пазарен и Трудов инспекторат во Скопје, Тетово, Гевгелија и Кавадарци извршени во 33 угостителски објекти резултираа со поднесоци на неколку решенија за забрана на дејност и прекршочни глоби.

Во Гевгелија, на еден угостителски објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 15 дена, а на друг угостителски објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена.

Во Тетово, МВР соопшти дека на два угостителски објекти им се издадени решенија за привремена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена, како и глоби во износ од 500 евра. На трет објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум дена.

Во Скопје извршена е контрола во 15 објекти при што се издадени две решенија за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 30 дена и едно решение за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 10 дена. Изречени се три глоби по Законот за заштита од пушење, а на девет од контролираните објекти им е наложено да ја достават потребна документација до инспекциските служби. Приведени се две лица од кои едното за неоволастено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а другото лице кое биле малолетно за консумирање алкохол.

При извршените контроли на подрачјето во Кавадарци, на еден угостителски објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 15 дена, а на три угостителски објекти им се издадени решенија за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена.

МВР соопшти дека минатиов викенд е спроведена зајакната контрола на возилата при што алкотестирани се вкупно 136 возачи, а кај 21 возач е утврдено присуство на алкохол над дозволеното.

Од МВР најавуваат дека во соработка со другите институции ќе продолжат ваквите контроли и во наредниот период.


 

Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.