Топ Новости >

Кривичен суд одреди притвор за Чавков, Дурловски и тројца други

  • Среда, Ное 29 2017


Доцна синоќа од Основниот суд Скопје 1 соопшти дека се определени мерки притвор за петмина осомничени за настанте од 27 април кога е извршен упад во Собраниетона РМ, а за двајца е одредена мерка куќен притвор. Во соопштението на судот се вели:

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на спроведените лица во судот во однос на предлогот на обвинителството, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1.

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана утре преку соопштение на веб-страницата на судот со целосна информација за донесените решенија“, се додава во соопштението.

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков се терети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. При упадот во Собранието на „крвавиот четврток“, наместо да даде наредба за интервенција на полицијата за да го спречи насилството, Чавков два часа не одговарал на телефонските повици.

Чавков е веќе однесен во истражниот затвор во Шутка.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.